Tатковците имаат поголемо влијание во животот на ќерките отколку мајките?

Според студијата што ја направил Рутгерс универзитетот од Њу Џерси, девојките кои имаат татко кој е вклучен во нивниот живот од почеток,имаат поголема веројатност за пристоен живот и подобро здравје отколку оние кои растат без татко.

0
890

Во денешното општество кадешто има значително повеќе самохрани мајки отколку во минатото, постои тенденција да се верува дека една жена може да подигне дете – особено ќерка – самостојно. Сепак, неодамнешните студии покажуваат дека ова не може да биде подалеку од вистината. Девојчињата не само што имаат бенефит од тоа да го имаат татко си во близина, туку нивниот татко им треба и за да се развијат емоционално правилно.

Зошто се татковците важни емоционално?

Според студијата објавена во Journal of Family Psychology, девојчињата кои имаат добри односи со нивните татковци имаат помала веројатност да развијат анксиозност и депресија, плус се подобри во справувањето со секојдневниот стрес.

Исто така, тие се многу покомотни да зборуваат за нивните чувства, и таа способност да бидат отворени за тоа како тие се чувствуваат може да им помогне да се подготват за поисполнети односи со други луѓе во иднина.

Нештата како лични вредности, сликата за себе, односите, сексуалноста и чувството за контрола над сопствениот живот се другите работи што татковците помагаат да се оформат кај нивните ќерки. Кога таткото формира длабок, здрав однос со својата ќерка, тој помага таа да создаде позитивна слика за себе и ѝ овозможува да воспостави чувство на контрола врз нејзиниот живот, што ќе ѝ овозможи да има самодоверба за да успее.

Зошто се татковците важни практично?

Покрај тоа што имаат огромно емотивно влијание, татковците, исто така, имаат големо влијание врз финансиите, па дури и врз физичкото здравје на своите ќерки. Според оваа студија што ја направил Рутгерс универзитетот од Њу Џерси, девојките кои имаат татко кој е вклучен во нивниот живот од почеток, се со поголема веројатност да имаат доволно за живот и подобро здравје отколку оние кои имаат неинволвирани или отсутни татковци.
Исто така, татковците помагаат да се обезбеди финансиска стабилност за нивните ќерки што во комбинација со добро физичко и емоционално здравје, им овозможува да имаат многу поголеми шанси да успеат и да бидат способни да издржат финансиски.

Инволвираност од почеток

Кога се татковците присутни од почеток и вклучени се во задоволувањето на потребите на својата ќерка, толку е посилна врската меѓу нив, што води кон сите горенаведени поволности.
Раното вклучување на татковците во одгледувањето и воспитувањето е нешто релативно ново, особено ако земете предвид дека пред 75 години, татковците дури не можеа ни да бидат во просторијата во која се раѓале нивните ќерки и воопшто, во која се породувале жените.

Сега, има повеќе можности мажите да бидат вклучени во животот на своите ќерки уште од самиот почеток. Тие можат да им ги менуваат пелените, а доколку мајката се измолзува ии пак користи формула, можат да бидат вклучени дури и во хранењето на нивните мали девојчиња. На крајот на денот, кога ги ставаат на спиење, е уште еден начин на кој татковците можат да изградат значајна врска од самиот почеток.

Влијанието на медиумите

За жал, дури и со овие поголеми можности за инволвираност, има многу негативни влијанија во медиумите што некои мажи можат тешко да ги надминат. Размислете за речиси секоја телевизиска емисија која излезе во последните 20 години и за тоа како се прикажани татковците: безумни идиоти кои не знаат ништо за жените. Како и да е, важно е татковците да препознаат дека овие стереотипи не мора да се следат и дека се тие едноставно лоши прикази за тоа што би требало да биде таткото.

Улогата на мајките

Важно е да се напомене дека иако улогата на татко е сигурно важна во животот на една девојка, тоа не ја намалува улогата што ја има мајката при подигањето на ќерките. Мајките можат да обезбедат вредни информации и совети за тоа што значи да се биде жена и тие ќе ги водат своите ќерки преку преодните периоди како пубертетот, менструацијата и интересот за момчињата.
За мажите кои го читаат ова и се можеби загрижени за односот што го имаат во моментот со својата ќерка – можеби затоа што не биле вклучени во нејзиното одгедување во раните години – сè уште има надеж, бидејќи никогаш не е предоцна да се формира близок, здрав однос со нивните ќерки. Тоа може да бара повеќе работа, но веројатно вреди да им дадат на своите ќерки подобра шанса за да успеат во животот.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]