Супер храна за бебиња

Овие производи би требало да ги додавате во кашичките за вашите најмили за да добијат супер здрав и секогаш вкусен оброк

0
1973

Секоја мајка сака се најдобро за своето дете, па се повеќе се одлучувааѕ за приготвување на кашички дома. Ви нудиме попис на намирници кои би требало да ги додавате во кашичките за да бидете сигурни дека вашето бебе ги добива сите потребни витамини и хранливи материи.

Лен – Ленот е природен лаксатив и совршен извор на омега-3 масни киселини кои се одлични за развој на мозокот и нервниот систем и ја зголемуваат апсорпцијата на одредени витамини. Со својот благ вкус лесно ќе се вклопи во сите видови на овошни и зеленчукови кашички, а воедно ќе послужи и како супер средство за згуснување на кашичките.

Чиа семки – Во последно време стануваат се попопуларна состојка на здравите оброци. Содржат дури 60% омега 3 масни киселини и се богати со влакна па ќе го решат кај бебињата проблемот со запек и ќе го регулираат варењето.

Млеко кое не е млеко – Млекото добиено од кокос, коноп, соја, ориз и квиноја е одличен избор за подготвување на кашички за малите дец или како додаток на јадењето за децата со алергии на млекото од животинско потекло.

Авокадо – Авокадото е богато со здрави масти и со фолна кислеина. Има кремава структура и благ вкус па одлично ќе се вклопи во сите кашички кои и инаку им ги подготвувате на малечките. Освен тоа, речиси и нема бебе што е алергично на авокадо па може да се употребува и сирово уште во првите кашички во текот на воведувањето на цврста храна во исхраната.

Екстра девствено кокосово масло – Ова масло е со благ, лесно слаткаст вкус на кокос и е вистински додаток на сите овошни кашички. Здравите масти и хранливите материи од кокосовото масло имаат многу предности за здравјето на вашето бебе.

Овес – Овесот е богат со влакна и е одличен извор на железо, магнезиум, селен и манган. Во комбинација со овошје или зеленчук е востински оброк за вашето бебе и долго ќе го држи сито.

Урми – Урмите успешно го одржуваат нивото на шеќер. Воедно им даваат слаткост на сите овошни кашички, па ако основата на кашичката е од покисело овошје, ќе ја избегнете потребата од додавање на шеќер.

[better-ads type='banner' banner='999' ]