Супер-фит мајка покажала како навистина изгледа стомакот по породувањето

Родителството не е единствената промена на начинот на кој ќе гледате на светот давајќи му предност на она мало суштество во се што правите, туку има последици и врз вашето тело – особено на изгледот на вашиот стомак.

0
747

Алекса Џин Браун, мајка на две деца, инаку, супер-фит мајка, открила дека после раѓањето на второто дете има повеќе стрии и стомак од било кога претходно. Исто така, таа вели дека е тоа совршено нормално!
Оваа мајка решила дека дошло време да се разбијат предрасудите и нереалните слики за женското тело после породувањето. Одлучила ова да го сподели со другите жени за да им објасни дека она што се пласира на социјалните мрежи и наводно совршениот изглед на новопечените мајки само една недела по породувањето не се реална слика и секако не се нешто кон што би требало да се тежнее.
Се сеќавам дека во текот на бременоста гледав фотографии од жени кои изгледаат фит само еден ден после породувањето и си велев: Се надевам дека и јас ќе можам да го постигнам ова и истовремено чувствував голем притисок.
Иако некои жени навистина се во состојба за многу кратко време да го вратат своето тело во топ форма, многу ја немаат таа среќа, но не треба да се чувствуваат лошо поради тоа. Општеството постојано ни наметнува одредени норми за тоа како би требало да изгледаме па ние наместо да уживаме во својата нова улога се оптоваруваме со тривијалности, вели таа.
Според неа, промените кои со себе ги носат бременоста, породувањето и мајчинството се генерално неминовни а некои од нив се и непријатни, но сето тоа е нормално и би требало да го прифатиме како такво. Обидете се да не сте толку строги кон себе и кон своето тело. Нашите тела се фантастични и треба да го сакаме секој дел од нив. Сакајте се себеси и сакајте го својот изглед и не дозволувајте туѓото мислење да влијае врз вас. Не дека досега ни требаше оправдување за тоа како изгледаат нашите тела после породувањето, но тоа што гледаме дека со истиот проблем се соочуваат и другите мајки, е утешно, но и не зајакнува, вели таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]