Судот и ги одзел децата и ги дал на посвојување зашто спиеле во ист кревет со неа

Една мајка од Британија која им дозволувала на своите деца да спијат во ист кревет со неа ќе остане без старателство над нив и тие ќе бидат дадени на посвојување со одлука на судот

0
885

Една мајка во Британија која им дозволувала на децата да спијат во ист кревет со неа, ќе остане без нив затоа што судот и го одзел старателството и ги дал на посвојување. Социјалните работници повеќе пати ја предупредувале да не спие во ист кревет со своите два сина, и двајцата помлади од четири години, бидејќи не сакајќи би можела да ги повреди, со оглед на тоа што кај нив биле забележани модринки по телата.

Судијата Питер Грин рекол дека мајката не постапила во согласност со препораката на стручњаците во однос на заедничкото спиење со децата, како и дека ги занемарила нивните совети во врска со исхраната на децата. Според судијата модринките веројатно настанале ненамерно, затоа што според нивните докази родителите ги сакале своите деца и намерно не би им наштетиле, но дека „мајката секогаш постапува како таа да знае најдобро“.

Судијата Грин рекол дека е загрижен за безбедноста на децата и дека посвојувањето е единствена опција за овој случај.

[better-ads type='banner' banner='999' ]