Кога не сакате да ја туркате количката или едноставно сакате и вам и на вашето дете да ви биде потопло и да бидете поблизу еден до друг, има уште многу други варијанти како можете да шетате. Пред се, со носилка или т.н.кенгур за бебиња. Важно е секогаш да можете да го видите своето дете, тоа да има слободен дотек на свеж воздух, како и да можете да ставите два прста помеѓу брадата и градите на детето (така ќе бидете сигурни дека положбата на детето нема да го спречи дотокот на воздух низ дишните патишта).
Детето можете да го носите под или над сопствениот капут или јакна. Секогаш кога можете, подобро е да го носите под својата јакна. Ова особено важи ако станува збор за помало бебе кое се уште нема добра контрола на главата, вратот и телото. Сигурната носилка го држи вашето дете цврсто во идеална положба, а дебелата или надуена облека можат да го онезвозможат тоа. Слично како што детето не треба да седи ниту во седиштето во автомобил во ваква облека. Ако имате поголемо дете за кое знаете дека во текот на прошетката можеби ќе посака да оди, можете да го носите над својот капут, во сопствена јакна или скафандер. Само внимавајте на тоа што повеќето зимски облека е од материјал што се лизга: ќе ви биде потешко доколку носите јакна со пердуви од материјал што се лизга. Еве неколку совети за тоа како треба да се облечете вие и вашето дете:
- Детето треба да се облече во слоеви. Ако е стиснато до вас, не треба да е претерано облечено. Памучна облека со долги ракави е доволна затоа што вие со вашето тело ќе го греете доволно. Но кога ќе го извадите детето од носилката добро ќе ви дојде јакничка па секако земете ја со себе во торбата.
- Заштитете му ги главата, рацете и нозете. Малите деца губат најголем дел од топлината преку главата. Затоа задолжително ставете му капче и ракавички, а добро ќе му дојдат и хулахопчиња кои ќе му ги облечете под пантолоните.
- Топлиот слој од облеката поделете го со бебето.
Обидете се да го држите бебето поблизу до своето тело па ако облечете џемпер поделете го со детето и облечете го врз носилката. Истото важи и за јакната или капутот. Ако немате јакна доволно голема за вакво нешто, позајмете ја онаа од сопругот, братот или татко ви!
- Чевлите ја чуваат главаѕа
Мора да бидете внимателни при изборот на чевлите. Не облекувајте чевли со лизгав ѓон. Внимавајте како чекорите затоа што не станува збор само за вашата глава
- Внимателно со шалот
Ако не користите посебна јакна за носење деца, ќе мора да ја закопчате јакната само до главата на детето а тоа значи дека вашиот врат ќе остане откриен. Затоа или облечете си ролка или завиткајте се со шал но внимавајте да не му паѓа на детето на лицето.
- Често проверувајте го детето
Внимавајте да не се излади или да не се прегрее додека го носите. Проверувајте дали капчето му е се уште на глава, дали има слободен проток на воздух и слично.