Смеат ли трудниците повремено да испијат чаша вино или пиво?

Традиционално, секогаш била одобрувана умерена конзумација на алкохол во текот на бременоста. Поновите препораки велат дека алкохолот треба во целост да се исфрли од исхраната на трудниците, затоа што не е познато која е критичната количина што може да го загрози плодот.

0
3708

Додека едни сметаат дека повременото пиење по чаша вино или пиво за време на ручек во бременоста е прифатливо, други тврдат дека во овој период треба во целост да се апстинира од алкохол. Традиционално, секогаш била одобрувана умерена конзумација на алкохол во текот на бременоста, меѓутоа, се повеќе стручњаци сметаат дека и мали количини алкохол можат да имаат штетно влијание.

Трудницата која пие алкохол прави штета на два начини – директно предизвикувајќи интоксикација и индиректно предизвикувајќи лош статус на ухранетост. Имено, се покажало дека трудниците кои уживаат алкохол во текот на бременоста често ја занемаруваат исхраната и така двојно му штетат на нероденото дете. Пред целосното формирање на постелката (приближно 12 недели), алкохолот поминува директно во ткивото на ембрионот кој се развива и предизвикува штета. Алкохолот го попречува развојот на ткивото во текот на критичните периоди, намалувајќи го бројот на клетки и оштетувајќи ги клетките кои веќе се формирале.

Мозокот е еден од првите органи кој почнува да се развива кај фетусот, а последен го завршува својот развој. Мозокот е посебно осетлив на алкохол во текот на својот развој, особено во првите три месеци од бременоста. Со оглед на тоа што штетноста зависи од дневната количина и видот на уживаниот алкохол, прилично е тешко да се просуди за штетноста на алкохолот. Делувајќи на мозочните центри, алкохолот предизвикува зависност и остава последици.

Алкохолот негативно влијае врз ембрионалниот развој, а денеска го сметаат за најчест виновник за пренаталните аномалии. Како клеточен токсин делува на ембрионалниот развој и предизвикува пречки во растот или одредени аномалии во развитокот. Оштетувањата предизвикани од конзумација на алкохол во бременоста можат да бидат потешки или полесни. Во потешка форма спаѓа полна слика на алкохолна ембриопатија со телесни и психички знаци на болест, а нешто полесна форма се т.н. алкохолни ефекти.

Пивото, виното и жестоките алкохолни пијалоци го земаат кислородот од клетките кои се развиваат и така го оневозможуваат правилниот развој на плодот. Поновите препораки велат дека алкохолот треба во целост да се исфрли од исхраната на трудниците, затоа што не е познато која е критичната количина што може да го загрози плодот. Иако е ризикот поголем кога алкохол се пие во прекумерни количини, се чини дека и мали количини можат да бидат штетни за нероденото дете. Штетните влијанија од алкохолот можат со сигурност да се спречат со целосна апстиненција од алкохол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]