Синдром на оттуѓено дете

Во родителската војна по разводите заедничките деца стануваат најмоќно оружје и средство за одмазда, а изјавата: „Ќе ти ги земам децата“ - најсилна закана.

0
1041

Живееме во време кога секој трет брак се распаѓа. Многу од овие разводи се „комплицирани“ и во нив е присутен „конфликт со висок интензитет“ помеѓу поранешните сопружници.

Тоа често значи дека помеѓу бившите сопружници се појавува двосмерна омраза. Во ваквиот тип на разводи нема победник, а најоштетени се заедничките деца.

Разведениот родител кој се доживува себеси и се претставува како жртва на другиот родител, за кого верува дека животно го искористил и го измамил, има мотив да го казни заради што влече потези кои често активираат спирала на двосмерна омраза. Во ваква „родителска војна“ заедничките деца стануваат најмоќно оружје и средство за одмазда. Изјавите: „Ќе ти ги земам децата“ или „Нема повеќе да ги видиш децата“ стануваат најсилни закани.

Бидејќи детето ги сака и мама и тато, појдовна претпоставка е дека за неговиот правилен емоционалне развој по разводот е важно, освен во ретки исклучоци, да има контакт и добар однос со двајцата родители. Стручниот израз „оттуѓувачки родител“ се однесува на оној родител, дали мајката или таткото, кој корристи разни методи, од психолошко „труење“ на односот на детето со другиот родител, па до прикриено или отворено спречување на контактот на детето со другиот родител, кој често не ги почитува судските одлуки за режимот на гледање на детето и другиот  родител.

Ваквото однесување на оттуѓувачкиот родител, кое по правило го поддржуваат неговите родители и пријатели, има многу негативни последици за емоционалниот развој на детето, заради што не е ништо друго туку облик на малтретирање на детето или како што се вели поинаку, облик на „психичко насилство“ над детето.

Праксата покажува дека доколку оттуѓувачкиот родител е подолго време успешен во спроведувањето на оттуѓувањето, дека детето го усвојува неговиот став такашто навистина доаѓа до негово оттуѓување од другиот родител. Тоа има многу негативни последици и врз детето и врз другиот родител.

Стручњакот за оваа проблематика, професор др.Едвард Крук наведува дека кај оттуѓените деца многу почесто отколку кај останатите се појавуваат: негативна слика за себе, самоомраза и вина, депресивност, пореметување на однесувањето, слаб училишен успех, деликвенција, склоност кон дрога и алкохол, промискуитет и младешка бременост. Следењето на овие деца како возрасни покажува дека не само што тие подоцна во животот се далеку помалку успешни, туку имаат и полошо физичко здравје, а очекуваното траење на животот им е четири години пократко од просекот.

Кога оттуѓеното дете повторно ќе воспостави емоционална врска со другиот родител, работите се поправаат, а неговиот емоционален равој се нормализира.

Сето тоа прави оттуѓувањето на детето од другиот родител појасно да се препознае како облик на малтретирање на детето. Повредениот родител не би смеел да врши оттуѓување, а луѓето кои му се блиски не би смееле да го поддржуваат во тоа. Социјалните служби и судовите би требало поенергично да го спречуваат овој облик на малтретирање на децата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]