Што може да очекуваме од родово неутралното воспитување?

Движењето за родово неутрално воспитување го должи својот успех на стравот на родителите дека ќе ги ограничат потенцијалите на детето

0
262

Од желбата за родова рамноправност и неконформизам, во некои друштвени кругови станува популарно детето од најраното детство да се воспитува на родово неутрален начин. Полот на детето не се открива по раѓањето, детската соба и облеката на детето се во неутрални бои, играчките се родово неутрални. Во тој дух е и притисокот врз корпорациите да им помогнат на родителите такашто ќе престанат да ги раздвојуваат играчките по полови.

Нема сомнеж дека е добро на детето да му се даде можност да го одбере она што му се допаѓа, без оглед на очекувањата на друштвото – било да станува збор за играчки, облека или интереси. Но научната стварност е дека е бескорисно да се третираат децата како табула раса без однапред предодредени особини. Биологијата е важна.
Огромен е обемот на научна литература која докажува дека интересирањето за одреден тип на играчки е вроден, а не условен од средината или родителските очекувања. Девојчињата главно ќе бираат играчки кои ги развиваат социјалните и вербални вештини, како кукли. Момчињата главно ќе покажат интерес за механички играчки како што се автомобили и камиони, развивајќи ги визуелно-просторните вештини.
Неодамна објавената студија во списанието „Развој на бебето и детето“ (Infant and Child Development) покажала деја уште на девет месеци бебињата од различен пол покажуваат различни интереси кога станува збор за играчки. Тоа е возраст на која децата уште не се свесни дека постојат полови разлики, затоа што свеста за тоа ја развиваат околу 18-тиот месец.


Други докази доаѓаат од проучувањето на девојчињата кои пренатално биле изложени на високо ниво на тестостерон, поради генетско пореметување на конгенитална адренална хиперплазија. Девојчињата до ова пореметување повеќе се интересираат за „машки играчки“, дури и тогаш кога родителите се обидуваат да ги заинтересираат за оние за девојчиња. Ова ни покажува колку е важна улогата на хормоните во развојот на родовите карактеристики и разлики во однесувањето.


Без оглeд на научните факти, движењето на родово неутралното воспитување зема замав. Особено сериозно ја сфатиле студијата објавена минатата година која ја застапува идејата дека мозокот на жените и мажите е идентичен. Ако е така, тога е родот вештачки создаден и надминат концепт.
Меѓутоа, бројните студии базирани на снимања на мозокот ги покажале разликите во мозокот помеѓу половите. Една мета-амализа на 126 студии покажала дека мажите имаат поголем мозок. Исто така, во машкиот мозок се воспоставени посилни врски помеѓу предниот и задниот дел, додека кај жените врските помеѓу двете хемисфери се подоминантни. Белата натерија им овозможува на разлилните делови на мозокот меѓусебно да комуницираат.
Некои од родителите кои ги воспитувале децата на родово неутрален начин велат дека на нивно изненадување децата сепак биле наклонети кон стереотипни интереси и играчки. Момчињата на кои им биле давани тенџериња си играле со нив како со автомобилчиња, правејќи звук на брмчење на мотор. Девојчињата пак, се вртеле една кон друга почнувале да си играат куќа.
Движењето за родово неутрално воспитување својот успех го должи на стравот на родителите дека можат да ги ограничат потецијалите на детето. Посакуваме најдобро за нашите деца, за ќерките, кога ќе пораснат да бидат подеднакво успешни во науката, технологијата, инженерството и математиката како и нивните машки врсници, а на синовите, да развиваат силни социјални вештини и да бидат комуникативни. Дали вашето дете ќе биде типичен припадник на својот пол повеќе зависи од пренаталните услови отколку од воспитувањето. Впролем, се додека детето има можност да ги прави работите што го интересираат, не е важно дали се тоа нешта кои се типични за неговиот пол или не. Да се прифатат полните разлики не е штетно или сексистички; ниту еден пол не е подобар од оној другиот.
Дебра В.Сох, автор на текстот, е неуронаучник-сексолог на универзитетот Јорк во Торонто.

[better-ads type='banner' banner='999' ]