Што можат да кријат промените во однесувањето на детето?

Дали некогаш сте чуле за ПАНДАС? За среќа, овие родители реагирале на време и им верувале на своите инстинкти кога нивната ќеркичка почнала чудно да се однесува

0
1592

Педијатриското Автоимуно Невропсихијатриско пореметување познато под скратеницата ПАНДАС обично се поврзува со стрептокока, но не мора нужно причината да е само тоа. Постојат облици кои настапуваат како последица од некоја друга вирусна или бактериска инфекција, а обично се открива токму заради тоа што акутно влијае врз промените на однесувањето.

Имено, ПАНДАС предизвикува воспаление на мозокот кое пак влијае на значајни промени во однесувањето и води кон разни невролошки пореметувања – од лесни како што се тикови, плашливост, срамежливост, анксиозност, ноќно мокрење и пореметување на спиењето, до тоа детето повеќе да не е во состојба само да изведува некои активности кои бараат моторички вештини, а кои претходно добро ги извршувало.

За среќа, овие родители на време реагирале и им верувале на своите инстинкти кога нивната ќеркичка почнала чудно да се однесува. Едно време, како и сите родители мислеле дека е тоа само фаза но кога таа „фаза“ не престанувала, се обратиле кај стручњаци.

„Нашата петгодишна ќерка секогаш беше весела, ведра и прилично самостојна се додека не почна да мокри во кревет. Почна да се плаши, стана чудна, плачлива и непрепознатлива, но сето тоа некако мислевме дека е фаза која ќе помине како што дојде. Се додека еден ден не ни направи грозна сцена – сакаше да мочка и јас ја испратив во тоалет со огле дна тоа што и онака тоа го прави сама веќе долго време. Тогаш ми кажа дека се плаши, дека не може да оди сама, почна да плаче и се измочка пред мене. Во тој момент сфатив дека нешто навистина не е во ред“, напишала Кристал Хенри, мајка од Тексас која покрај петгодишната Виолет има уште едно дете, и која заедно со сопругот тогаш решиле да побараат помош за својата ќерка.
За искуството кое од „обичен“ напад на неконтролирано однесување го довело детето до болница и до дијагностицирање на ПАНДАС, мајката напишала неколку статии, а се огласила и докторката-педијатар од Мериленд, др.Викерс која во својата пракса веќе сретнала неколку деца и со оваа дијагноза и тврди дека сите успеала да ги излекува.
Имено, ПАНДАС предизвикува воспаление на мозокот кое пак влијае на значајни промени во однесувањето и води до различни невролошки пореметувања.

„Добрата вест е дека има лек, дека детето може да се врати во својата првобитна состојба, но лошо е тоа што дијагнозата, терапијата и лекувањето се индивидуални, за секое дете посебно, затоа што истата терапија не влијае еднакво врз сите, објаснила мајката.

Секако, нема секое дете после зараза со стрептокока да заврши со оваа дијагноза.
Можно е цело одделение да има воспаление на грло, сите од стрептокока, а ПАНДАС да добие само едно, или најчесто, ниту едно дете.

„Дијагнозата не е толку честа а изгледа дека во Америка е малку попозната отколку во Европа па затоа не треба од секоја инфекција да се прави паника“, нагласила др.Викерс и споменала дека постојат пет критериуми кои мора да бидат присутни пред да се посомневате дека станува збор за ПАНДАС: сериозна промена и најчесто опсесивно/компулзивно однесување или тикови, нагло појавување на симптомите, историја на стрептококни инфекции и мешавина од други невролошки симптоми како што е губење на апетитот, мокрење во кревет, намалување на активностите во училиште и регресивно однесување.

А зошто некои деца се поподложни или не, зависи првенствено од нивниот имунолошки систем и начинот на кој имунитетот се брани од вируси.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]