Најважна задача на секој родител е добро да ги воспита своите деца, но тоа не е воопшто лесна задача, па не е ни чудо што со ова прашање се занимавале дури и најголемите научници од Харвард.
1. Детето треба да ги контролира своите чувства
Мора да го научите детето како да излегува на крај со негативните емоции. Извежбајте го да вдиши длабоко низ нос и да издиши преку уста и да изброи до пет. Кога ќе забележите дека е вознемирено, потсетете го на овие три чекори и изведете ги заедно.
2. Научете го да ја презема одговорноста за своите постапки
Освен што треба да ги учите со својот личен пример, разговарајте со нив колку е важно да се преземе одговорнос за своите постапки. Однесувајте се во соглчасност со своите зборови. Ако нешто му ветите, исполнете го тоа. Ако го учите дека не треба да се фрла ѓубре на несоодветно место, не го правете тоа ниту самите.
3. Развијте му чувство на емпатија
Многу е важно вашето дете да сочувствува не само со членовите на своето семејство и со блиските луѓе, туку и со секој кому му е потребна помош. Ќе му помогне доколку разговарате со него за децата кои немаат родители и дом или ако го прашате како би се чувствувал доколку на некој роденден никој не сака да си игра со него. Сето ова ќе влијае врз него.
4. Детето треба да знае да биде благодарно
Не смеете да дозволите да не развие чувство на благодарност, па почнете со ситници. На пример, нека ја прегрне баба му затоа што му направила колач, нека каже благодарам секогаш кога нешто ќе добие. Истражувањата покажале дека луѓето кои изразуваат благодарност се посреќни и поздрави од оние другите.
5. Поминувајте повеќе време со децата
Комуникацијата со детето треба да биде многу повеќе од разговор за дисциплина. Треба да изградуте однос полн со доверба, играјте со него, патувајте, минувајте го времето заедно и не се колебајтре да му кажете колку многу го сакате. Така и детето ќе стане искрена личност која ги дели чувствата со другите луѓе.