Што да правите кога детето упорно одбива храна?

Има многу совети што да се прави во случај кога вашето дете одбива да јаде и еден најважен, што да не правите во ваков случај

0
1273

Знаете ли дека речиси сите деца отприлика на едногодишна возраст стануваат пребирливи кога станува збор за исхраната?
Затоа, ако одбивањето на вашето дете да јаде ве фрустрира па внимателно го набљудувате секој негов оброк и му ги броите залците, треба да знаете дека не сте единствени и дека таа фаза можеби нема долго да трае. Дури и ако потрае, опуштете се и направете план како вашето дете што повеќе да ужива во храната. Можеби можат да ви помогнат некои од следните совети:

Внимавајте детето да биде навистина гладно пред оброкот. Свежиот воздух и доста активности можеби ќе му го отворат апетитот.

Не го хранете детето додека сте на прошетка, во количка или пред телевизор.

Помеѓу оброците не му давајте сокови, чаеви ниту грицки.

Храната понудете му ја додека е на маса и ако е можно во друштво на луѓе кои сакаат да јадат.

Ако не сака да јаде, понудете му уште еднаш, а потоа тргнете го јадењето, а детето станете го од маса.

Дозволете му понекогаш (на пример за ужина) на детето само да одбере што ќе јаде (банана, јогурт, пециво, јаболко).

Не го уценувајте детето со тоа што ќе му ветите нешто слатко после главниот оброк.

Ако таа фаза упорно не поминува или се појави од ведро небо, можеи детето го мачат и некои други работи, на пример, му излегуваат запчиња, има вироза, уморно е или има запек. Во вакви ситуации повеќето деца го губат апетитот.

Единствена грешка која никако не смеете да ја правите, е да му нудите преголем избор. На тој начин децата стануваат уште поизбирливи и наскоро ќе ви прават уште повеќе проблеми за време на оброците.

[better-ads type='banner' banner='999' ]