Иако се очекува сите деца да го сакаат Дедо Мраз, за помалите е тој често извор на страв и непријатни чувства. Едноставно, има деца кои не се плашат од Дедо Мраз, а има и такви кои се плашат. Сите деца не се исти и не ги доживуваат на ист начин ситуациите. Зошто некое дете би се плашело од Дедо Мраз?
Има многу причини, а тие често зависат од возраста на детето, сензибилитетот, актуелните развојни фази низ кои поминува, па до тоа дека детето се плаши од непознати луѓе, дека му е страв затоа што не може да му го види ллицето од брадата и мустаќите, се плаши од неговиот глас или на возраст кога не сака ниту за момент да се одвои од родителите.
Може да има навистина многу причини. Токму поради сето ова, не дозволувајте вниманието да ви биде усмерено само на она крајно однесување на детето – негодување, бегање, врескање и на вашата цел – фотографија со Дедо Мраз.
Всушност, одговорот на ова прашање не е толку важно колку што е важно што е направат родителите кога ќе сфатат дека нивното дете се плаши од чичкото со брада. Дека се плаши толку многу што ниту еден подарок не може да го смири.
Ако детето одбива да се приближи до Дедо Мраз, ако бега кај родителите, ако плаче, а родителите го охрабруваат, нивните зборови: Не се плаши, тоа е само Дедо Мраз, Седни само да се сликаш и да си земеш пакетче, и слично, не само што нема да го смират, туку и е го засилат неговиот отпор. Наесто да ги прегрнат своите деца, обично родителите на овие исплашени дечиња, ги поттурнуваат кон „странецот“ кој толку ногу ги плашо. Можете ли да замислите како се чувствува притоа?
Нема никаква потреба родителите да се обидуваат да го разуверат детето да не се оплаши, затоа што тоа нема да успее од две причини:
- родителите размислуваат логично, а детето емоционално.
- детето не размислува за стравот, туку го чувствува.
Детето има право да се плаши без оглед дали на ни се допаѓа тоа или не, дали има смисол или не. И има пораво да не умее да каже зошто, затоа што нему му е примарно тоа што го чувствува, а не што мисли за тоа. Кога детето во паничен страв трча кон родителот, се што му треба и што бара е прегратка и чувство на сигурност, чувство дека е безбедно.
Стравот е многу непријатна и интензивна емоија за детето и можеби токму сега првпат ќе се соочи со него. Секогаш имајте на ум дека стравот се победува со љубовта. Детето во секој момент треба да знае дека сте тука и дека покрај вас ќе биде безбедно и сигурно. И колку што е детето помладо, толку е неговиот страв поизразен. Изложуваето на страв нема да го зајакне детето, туку ќе го направи несигурно.
Што може да ви помогне ако вашето дете се плаши?
Подгответе го. Како што се прибллиѓува крајот на годината, така има се повеќе Дедо Мразовци околу нас, па мора да го подготвите дека е можно да го сретнете таму кадешто одите. Така ќе го намалите ефектот на (непријатно) изненадување.
„Здогледајте“ го прв и од безедно растојание покажете му го на детето. Некогаш децата знаат да се исплашат и затоа што не се подготвени, а чичковците преоравени во Дедо Мраз и не одат многу сметка за тоа.
Држете го детето во раце. Ако знаете дека таму кадешто одите има Дедо Мраз, кренете го детето во раце. Ќе се чувствува посигурно и и ќе ги гледа другите луѓе од ваша перспектива. Погледот од детска позиција целосно ја менува сликата на она што го гледа, затоа што се што гледа гледа одоздола нагоре и се во однос на него изгледа огромно. Ставете се во негова положба и подобро ќе го разберете.
Кажете му на детето дека сте тука. Повторувајте го тоа, кажете му дека е безбедно со вас и дека ако не сака нема да го оставите во скутот на Дедо Мраз. Ако детето не се сирува, тргнете го настрана или излезете од таму.
Ако пак сакате спомен, фптографирајте се вие со своето дете. Тоа сигурно ќе биде поубава слика и спомен од онаа на која би било вашето преплашено и расплакано дете со Дедо Мраз.