Шакира: Моите деца точно во 20:30 се во кревет!

„Децата мора навреме да бидат во кревет за да можат мајката и таткото да си играат љубовници“.

0
1275

Популарната колумбиска пејачка Шакира открила поради што нејзините деца мора секоја вечер во исто време да бидат во своите креветчиња.

Шакира објаснила дека откако станала мајка драстично ги променила своите навики, и дека сега многу повеќе води сметка за времето и начинот на кој го користи.

– Пред да станам мајка, не успевав да стасам секаде навреме. Меѓутоа, сега моите деца точно во 20:30 се во кревет – рекла Шакира.

На прашањето поради што толку стриктно се придржува на времето за спиење, пејачката рекла:

Децата мора навреме да бидат во кревет за да можат мајката и таткото да си играат љубовници“.

Мајката на Милан и Саша додала дека најромантично и било кога Жерард Пике и рекол дека ги сака сите нејзини маани.

– Сега кога имам деца, станав многу строга околу времето – рекла пејачката и додала дека децата ја направиле посилна. Иако за себе вели дека знае многу да бара, секогаш е со добра воља па сопругот се и простува.

Шакира и Пике се запознаа пролетта 2010 годин кога тој се појави во нејзиниот музички спот за песната „Waka Waka.

[better-ads type='banner' banner='999' ]