Обвиткана папочна врвца околу бебешкиот врат: Причина за претпазливост, но не и за паника

Несреќните случаи се многу ретки, а едно истражување направено во Австралија покажува дека се случуваат во помалку од 0,74 отсто случаи, односно секоја година има околу 135 несреќни случаи во оваа земја, а во Америка околу 160.

0
2532


Еден од најчестите стравови кај бремените жени е обвиткувањето на папочната врвца околу вратот на бебето. Иако звучи застрашувачки, ова е многу чест случај и не е невообичаено бебињата да се родат со папочната врвца околу вратот.
Тоа се случува во 20 до 25 отсто од породувањата, понекогаш се случува во текот на самото породување, а понекогаш може да се види и на ултразвук, што не значи дека бебето е во опасност.

1. Многу лекари и медицински сестри за време ултразвучниот преглед ја гледаат папочната врвца околу вратот на бебето, но на тоа не му придаваат големо значење, па може да се случи да не им кажат на родителите за да се избегне нивниот страв. Доколку животот на бебето не е во опасност папочната врвца не се допира во текот на породувањето за да се спречат дополнителните компликации.

2. Здравата папочна врвца е обложена со тенок, мек слој од слуз. Тоа помага врвцата да не се заврзе во јазол, додека бебето се поместува во стомакот.

3. Папочната врвца не се затегнува за време на породувањето, ниту го стегнува посилно бебето. Всушност, постелката и врвцата, како и бебето се поместуваат истовремено кога почнува породувањето, односно кога се јавуваат контракциите. Доколку лекарите проценат дека постои опасност при раѓањето, се прави царски рез.

4. Царскиот рез не е задолжителен дури и доколку папочната врвца за време на самото породување е околу вратот на бебето. Доколку лекарите проценат дека нема опасност од природно породување, нема причина да се прекинува.

5. Несреќните случаи се многу ретки, а едно истражување направено во Австралија покажува дека се случуваат во помалку од 0,74 отсто случаи, односно секоја година има околу 135 несреќни случаи во оваа земја, а во Америка околу 160.
 

[better-ads type='banner' banner='999' ]