Се случува некогаш децата да не ги слушаат своите родители. И тоа не е ништо необично. Проблемот настанува кога непослушноста ќе стане вообичаенои однесување пред кое родителите стануваат потполно немоќни, честопати несвесни дека тоа потекнува токму од нив. Добра вест е дека можете да го сопрете овој циклус на „невоспитание“ со едноставно избегнување на одредени ситуации во воспитувањето
Еве кои се тие родителски грешки кои треба да ги избегнувате за да не го поттикнете лошото однесување на детето:
Недоследност
Дали вашето дете плаче или се фрла на под кога не сакате нешто да му купите: Или вреска во паркот кога не сака да си одите дома? Како вие реагирате на ваквото однесување? Ако не сакате да му купите нешто на детето или сте решиле да одите дома, не го менувајте ставот! Секоја ваша недоследност ќе му покаже на детето дека може да биде по негово ако се однесува на непримерен начин.
Изрекување на казни кои не се извршуваат
Не треба да му упатувате на детето закани кои нема да бидат исполнети. На пример, не му велите дека ќе го казните ако повторно нешто истури, или дека нема да го водите веќе во продавница затоа што таму лошо се однесува, ако не мислите тоа навистина да го направите. Детето нема причина да ве послуша ако не ги сфаќа сериозно вашите закани.
Оправдување на однесувањето на детето со изговори
Децата можат да бидат жедни, гладни, нервозни, и тоа е сосема нормално, но не им дава право да се однесуваат непримерено. Ова е особено често во период кога децата не се во состојба вербално да ги изразат своите чувства.
Иако знаете дека дури и постарите можат некогаш да бидат тврдоглави, секогаш да го оправдувате однесувањето на детето барајќи некаков изговор.
Закани
Честите закани можат да имаат контра ефект на однесувањето на детето. Не е секоја ситуација ниту за казна ниту за закана. Тоа што ќе му се заканувате на детето не значи дека секогаш ќе има позитивно влијание на детското однесување. Имајте предвид дека некои истражувања покажуваат дека, на пример, децата кои се казнети заради лага, лажат уште повеќе. Објаснете, не се заканувајте.
Викање
Ако го кренете гласот не значи дека вашето дете подобро ќе го слушне и разбере уште помалку значи дека ќе ја послуша вашата наредба. Па дури и ако ве послуша, тоа не мора, и веројатно и нема да има ефект на подолги стази. Со викање само можете да ги расипете односите со вашето дете.
Физичко казнување на детето
Физичкото насилство кон детето може да има големо влијание на неговата самодоверба и може да предизвика уште поагресивно однесување. На овој начин децата прво учат како да ја избегнат болката која ќе им ја нанесете отколку како да го подобрат своето однесување.
Смеење на недоличното однесување
Вам можеби ќе ви изгледа забавно ако вашето дете некого опцуе, ако ја фрла храната по подот или нешто слично, но на луѓето околу вас сигурно нема да им биде ниту малку симпатично. Ако на детето не само што нема да му обрнете внимание дека не е убаво тоа што го прави туку и се смеете, тоа ќе продолжи да се однесува недолично сметајќи дека им е интересно и на другите.