Се што треба да знаете за сексот за време на бременоста!

Блискоста на партнерите позитивно влијае и на нивната врска и на детскиот развој. И затоа не се плашете, туку и натаму уживајте во вашата интима.

0
2497
Close up of a future dad kissing the belly of his wife lying on the bed, Image: 138497218, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Wavebreak

Докторите често знаат да ги предупредат двојките да внимаваат на интензитетот на сексуалните односи во првото тримесечје од бременоста.

Тоа е време кога генерално не треба да се претерува со никакви физички активности, па ни со сексуални.

Не се срамете да го прашате вашиот гинеколог колку често се препорачува да се има однос и дали постојат некои забрани во однос на положбата или во однос на вашата бременост.

Ако имате мачнини, замор, слабост или сте лошо расположени, веројатно нема да ви биде до односи. Ќе има денови кога ќе сакате да сте сосема сами, како и такви кога прегратката ќе ви биде попотребна од било кога.

Во второто тримесечје бременоста се стабилизира и жената станува поопуштена. Завршуваат емотивните бури врзани со спознанието дека сте бремени и се доаѓа во рамнотежа. Им се радувате на првите движења на бебето, стомачето ви расте. Не се плашете дека ќе го повредите детето во текот на сексуалниот однос. Тоа лежи на безбедно во матката, опкружено со плодова вода и анатомски е сосема невозможно пенисот да дојде во негова близина.

На жената во овој период знае и да ѝ се зголеми либидото и таа станува сексуално поактивна што е за партнерите пријатно изненадување. Со се поголем стомак многу положби се тешко остварливи, а и уживањето е помало, но ако имате некои омилени положби кои и натаму ви одговараат, а бременоста е и натаму без никакви компликации, немате причина да се воздржувате од секс.

Ако пак сексот не ви предизвикува уживање и не можете да се опуштите, подобро е да се препуштите само на галење и на прегрнување.

Можеби сте слушнале нешто за тоа дека сексот ги поттикнува трудовите. Вистина е дека во спермата се наоѓа хормонот простагландин, кој го прави грлото на матката помеко и го подготвува за трудовите, но таа количина е толку мала што не ги поттикнува прераните трудови. Ако бебето веќе тргнало на пат, тогаш сексот може да го забрза отврањето и самото породување.

Ако еден од партнерите не сака секс или чувствува страв дека ќе го повреди детето, тоа секако влијае на либидото. Понекогаш трудниците  се срамат од својот изглед или од килограмите. Утеха нека ви бидат вашите гради кои се зголемени и кои сигурно ќе му се допаднат на вашиот партнер. Уживајте во сопственото тело и верувајте дека во него ќе ужива и вашиот партнер.

[better-ads type='banner' banner='999' ]