Рутински тестови во бременоста – дали се навистина потребни?

Во текот на бременоста повеќето жени одат на редовни контроли кај гинекологот и се соочуваат со разни тестови и наоди за колку што е можно поверодостојно да се утврди дали бебето правилно се развива. Иако се ова рутински тестови има многу трудници кои од страв одбиваат да ги прават. Дали има место за загриженост?

0
969

Многу пати се повторува дека бременоста не е болест, но без оглед на тоа во текот на бременоста жените се соочуваат со често одење на лекар кадешто  им прават разни рутински тестови кои на време можат да го откријат и да го покажат и најмалиот проблем. И токму од таа причина пренаталната нега и редовните контроли се од голема важност. Без оглед на сето ова сепак постојат жени кои одбиваат да прават разни тестирања без вистинска потреба мислејќи дека на тој наин го загрозуваат бебето.

Зошто се важни рутинските тестови?

Она на што повеќето трудници се согласуваат без проблем е вадењето на крв. Ова е од голлема важност затоа што се бара одредување на крвната група и антитела кои во одделни случаи можат да ја нападнат крвта на бебето и да доведат до спонтан абортус. Друга значајна причина заради која се бара вадењето на крв е пребројувањето на крвните зрнца за да се исклучи можноста од анемија кај идната мајка, затоа што кај мајките со недостаток на црвени крвни зрнца може да се намали снабдувањето на постелката со кислород.

Освен редовна крвна слика во првото или во второто тромесечје се прави дабл и трипл скенирање со кое се бараат генетски проблеми, а доколку постои основа (возраста на мајката, на таткото или генетски предиспозиции) лекарот може да препорача да се направи и амниоцентеза.

Гинеколошки преглед на грлото на матката

Пред крајот на бременоста гинекологот обично вагинално го прегледува грлото на матката за да утврди дали жената почнала да се отвара. Дури и ако лекарот каже дека жената почнала да се отвара, тоа не мора да значи дека породувањето почнало. Без оглед на овој преглед вашиот лекар не мое точно да ви каже кога ќе почне породувањето  и ова е едно од оние, слободно може да се каже, непотребни прегледи од кои може да има повеќе штета отколку корист. Вашиот гинеколог може да ве упати дека овој преглед нема да смени апсолутно ништо, но ќе го направи доколку вие сакате да знаете дали се отварате или не.

Преголем број тестови

Повеќето мајки ќе ви потврдат дека со секој нов наод, одење на лекар и правење на некаков тест, доживувале и нов стрес. Дури и кога вредностите на првиот наод се во границите на нормалата лекарите можат да бараат да направите и втор и трет „само за да бидете сигурни“. КОга на сето тоа ќе му го додадете чекањето во лабораториите и лекарските ординации, не може да не се запрашаме, не е ли тоа навистина премногу?

Од друга страна пак, не може да не споменеме дека повеќето од тие тестови кои се прават уште во раниот стадиум од бременоста можат да откријат аномалии и проблеми во развојот на бебето што на младите родители може да им обезбеди време да се подготват на сите предизвици што ги очекуваат.  Она што е важно е дека сите тестови што ги препорачуваат лекарите не се задолжителни и вие свесно можете да одбиете да ги направите. Пред да донесете било каква одлука распрашајте се дали е баш тој тест неопходен, што точно ќе покаже и што може да се случи доколку одбиете да го направите. Се е работа на добрата комуникација помеѓу вас и вашиот лекар.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]