Во хотелот Елит Плаза во Скопје денеска отпочна конференцијата посветена на родителството во 21.век кадешто предавачите и експерти во својата област ќе се обидат да го најдат одговорот на прашањата со кои секојдневно се сретнуваат сите родители:
Како денеска да ги воспитуваме децата? Како да им помогнеме на нивниот пат за растење? Што да прават? Како да живеаат/Каде да одат?
За да најдеме одговор на овие прашања прво ние треба искрено да си одговориме на истите, вели организаторката Катерина Котлареска Маневска, која во најавата за оваа конференција ги претстави и учесниците, стручњаци психијатри, психолози, дефектолози, социолози кои ќе зборуваат на секојдневни теми со кои се соочуваме сите ние како родители.
Еден од учесниците на конференцијата е и познатиот писател и социолог Бруно Шимлеша, кој доаѓа од Хрватска, а познат е по книгите „Ljubavologija“ и „Škola života“, едни од најпродаваните книги во областа на популарната психологија и духовност. Меѓу останатите учесници и излагачи се примариус др Мери Бошковска – детски психијатар, Јасмина Трошанска-дефектолог, Катерина Јолакоска – дипломиран педагог, Лидија Зорба– магистер по психологија, Др. Аспазија Софијанова – Специјалист, Доктор на науки, Натка Пачоска – Клинички психолог, Марина Анчевска – Меѓународно сертифициран НЛП тренер и системски практичар и нутриционистката Надица Илиевска.