Родителски грижи: 10 факти што треба да ги знаете за своето новороденче

Педијатрите советуваат да не се затварате дома кога ќе се роди бебето, но при излегувањата да носите разумни одлуки, односно, да не го изложувате бебето на сонце, да избегнувате болни луѓе и гужви

0
1537

Идните родители треба да ги прочитаат корисните совети на магазинот Parents за десет факти кои многумина ги преплашуваат, а се сосема вообичаени.

По доаѓањето на светов можат да изгледаат чудно

Нивната глава може да е малку изобличена како последица од поминувањето низ родилниот канал, а на телото можат да имаат влакна. Очите им се често затворени и по малку лепливи, а лицето натечено. На крајот на краиштата, поминале девет месеци во стомакот такашто по раѓањето можеби и нема да се толку прекрасни како што си замислувавте.

Не очекувајте насмевка до шестата недела

До шестата недела родителите често се чувствуваат како да работат за шеф кој постојано се жали. За да го поминат овој период на исцрпеност и емоционално превирање, траба да знаат дека бебето уште тогаш чувствува утеха во рацете на таткото или мајката, приврзаност и дека сака кога ја држите.

До паѓањето на папочната врвца бањајте го бебето со влажен сунѓер или со газа

За да падне побргу папочната врвца тој дел од стомакот треба да биде сув, а тоа тој период трае околу две недели. Затоа бањајхте го бебето со влажен сунѓер и со газа, односно, немојте да ѝ го мокрите тој дел од телото. Ако папочната врвца со нешто се намокри, само потапкајте ја со сува ткаенина. Нека не ве плаши благото крварење по паѓањето на папочната врвца.

Меки коски на главата

Фонтанелата или мекиот дел од черепот на бебето му овозможува маневар низ родилниот канал. Иако родителите често се плашат од тоа, стручњаците велат дека нема причина за грижа и дека тој дел сосема нормално можете да го допирате. Притоа можете да почувствувате пулсирање затоа што фонтанелата се наоѓа директно врз крвните жили кои го покриваат мозокот.

Бебето ќе ви покаже дали доволно го храните

Новороденчињата ви ттребало да јадат на секое два до три часа, но ако го доите, тешко е да процените колку навистина изело. Неговата тежина е тогаш најдобар индикатор за напредокот, а помош ќе ви пружат педијатарот и патронажната сестра. Иако новороденчето во првата недела по доаѓањето на свет губи 5 до 8 отсто од својата тежина, веќе во втората недела би требало да ја поврати тежината.
Ритамот на менување на пелени исто така може да ви биде показател. Иако првите пет дена ритамот ќе биде нееднаков, подоцна ќе има дневно 5 до 6 мокри пелени и најмалку една до две столици.

Сувост на кожата

Иако на почетокот кожата на бебето ќе биде мека и свиленкаста, тоа се менува и следува сувост на кожата. Педијатрите велат дека е тоа нормално со оглед на тоа што бебето се наоѓа во течност девет месеци, а потоа излегло на воздух. Во врска со ова не мора да правите ништо затоа што сувата кожа сама ќе се обнови, а ако баш ви пречи, секогаш можете да посегнете по некој хипоалергиски детски лосион без мирис. Исто така, можат да се појават розе точкички, пеленски осип, па дури и детски акни.

Водете нормален живот

Педијатрите советуваат да не се затварате дома кога ќе се роди бебето, но при излегувањата да носите разумни одлуки, односно, да не го изложувате бебето на сонце, да избегнувате болни луѓе и гужви и да ги начлите останатите деца наместо рацете и лицето на бебето да ги допираат неговите нозе. Така ќе помогнете во спречување на инфекциите.

Бебињата многу плачат, но тоа е нивен начин на комуникација

Плачењето ќе ви покаже дека е бебето гладно, дека му е ладно, дека пелената му е валкана или дека едноставно сака да го земете в раце. Овие рани „монолози“ знаат да бидат фрустрирачки, но треба да знаете дека со време се подобро и побрзо ќе разбирате за кој вид на плачење станува збор па се ќе оди многу полесно.

Новороденчињата многу спијат, но тие партии не се долги

Првите три месеци поминуваат во едноставен ритам, но хранењето на бебето секои два до три часа ги исцрпува родителите. Веќе со три месеци ситуацијата донекаде се менува па повеќето бебиња спијат 6 до 8 часа. Во меѓувреме, обидете се да воспоставите дневен и ноќен режим, односно, не му дозволувајте на бебето дење да спие подолго од три часа наеднаш. Истовремено, ноќе дозволете му да спие колку што може. Овој систем воспоставете го дури тогаш кога педијатарот ќе утврди дека бебето добро напредува.

Минлива исцрпувачка фаза

Под стрес сте, уморни и осамени? Во деновите по доаѓањето на бебето на свет е многу тешко, но работите брзо се менуваат и тоа е она што сите родители треба да го имаат на ум.

[better-ads type='banner' banner='999' ]