Родено бебе по вонматерична бременост

Неверојатен случај на вонматерична бременост која речиси секогаш завршува со инициран абортус, овојпат завршил со раѓање на здраво бебе

0
657

Во Сибир неодамна е забележан неверојатен случај на вонматерична бременост која речиси секогаш се завршува со инициран абортус, но овој пат бебето успеа да преживее. Украинската бегалка од покраината Донбас (31) успеала до крај да ја одржи бременоста иако ниту еднаш не била на лекар.
Бебето кое го добило името Вероника, што значи, „онаа која носи победа“, е само едно во 625 милиони бебиња кое успеало да преживее абнормална бременост.
Бебето е зачнато по природен пат, но не се развило во маткатата туку надвор од неа. Вонматеричната бременост како оваа редовно завршуваат со инициран абортус, а чест случај е и кога на жените со операција мора да им го извадат и плодот и дел од репродуктивниот орган, најчесто јајник или јајцевод. Досега, освен малечката Вероника се забележани уште само 12 такви случаи во светот.
Мајката и таткото одлучиле да не се породува во болницата. Бидејќи во текот на целата бременост се било во ред, чекале да се породи дома. На почетокот се течело како што треба, се појаки и почести контракции, а потоа контракциите нагло престанале.
Тогаш одлучиле да побрзаат во болница каде била оперирана од страна на 10 лекари. Операцијата била сложена и многу ризична. Но тие двете победија се.
Сфативме дека операцијата е успешна, кога бебето почна да плаче, рече д-р Марат Зазиев, еден од лекарите кој ја породил. И мајката и ќерката се добро и здрави.
Според руските медиуми, лекарите сега истражуваат како ова природно зачнување довело до развој на бебето надвор од матката и нејзиниот случај и натаму ќе се разгледува во медицинските кругови.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]