Квалитетната комуникација, ако за тоа не сте размислувале претходно, е клуч за долговечен, чесен и смислен однос со вашите деца. Сето друго, кракатерот, околината, ситуациите…, сето тоа може да се постави во рамките на квалитетен однос, ако постои квалитетна комуникација.
Сите лекции кои ќе им ги давате на вашите деца нема да дадат добри резултати ако не постојат добри основи. Тие се клуч за да воспоставите најдобри темели со луѓето кои најмногу ги сакате. И вашата куќа, вашето семејство, ќе можат да се градат и да се уриваат секојдневно, а темелите никогаш да не бидат разнишани.
Еве ги основите:
- Ми се допаѓаш. Ова е различно од „те сакам“, затоа што на овој начин на личноста ѝ кажуввате дека освен што ја сакате, неизмерно ви се допаѓа токму таква каква што е.
- Многу брзо учиш. Пoдарете им крилја за учење, затоа што ако ова им го зборувате често, поцврсто ќе веруваат во тоа.
- Благодарам. За се.
- Ајде да се договориме. Работа на воспоставување на неколку основни договори по чија формула ќе функционирате како семејство, за да можете секогаш да ги избегнете вообичаените проблеми, односно, за да се создаде рамка на однесување за решавање на вообичаенивообичаените проблеми. Оние кои ги има секое семејство.
- Раскажи ми уште.Поттикнете ги да ги споделат со вас чувствата, мислите, идеите…така ќе знаат колку ви значат и самите ќе станат подобри слушатели.
- Одиме да читаме. Нека не бидат децата тие што ќе молат за читање, поттикнувајте ги вие.
- Сите грешиме. Ти дозволувам да грешиш. Грешките се составен дел од животот.
- Жал ми е. И вие грешите и секогаш признавајте го тоа.
- Што мислиш ти?Нивното мислење е еднакво важно како и вашето, а детето мора да го знае тоа. Еднаш ќе порасне и не само што ќе мора да ги почитува туѓите мислења, туку секогаш ќе знае да го изрази и своето.
- Да. Ако успеете да дојдете до тоа дневно повеќе пати да го изговарате зборот да, па она „не“ ќе стане се поретко.