Раното станување лошо за здравјето на тинејџерите

Секој родител кој наутро морал да го буди за на училиште својот тинејџер, ја знае големината на проблемот поради кој се прават бројни истражувања

0
166

Американската академија за медицина на сонот (ASSM) препорачала дека часовите за средношколците не би требало да почнуваат пред 8 и 30 наутро за да можат децата доволно да се наспијат во текот на работната недела. Поместувањето на часовите би ја намалило забавеноста, би го подобрило вниманието на часовите и би довело до сеопшто зголемување на енергијата и до подобра здравствена состојба, сметаат стручњаците.

„Часовите кои почнуваат рано наутро им оневозможуваат на адолесцентите довочно да се наспијат во текот на работната недела што доведува до хроничен замор кој е поврзан со многу проблеми во училиште“, рекол Натаниел Вотсон, водач на истражувањето спроведено во рамките на ASSM и некогашен претседател на таа институција.

Почетокот на наставата во 8.30 или подоцна, според неговите зборови, би им помогнало на тинејџерите да се наспијат, а нивните когнитивни функции во училиштето би биле на највисоко ниво.

AASM објаснуваат дека на тинејџерите помеѓу 13 и 18 години им се потребни помеѓу 8 и 110 часа сон, а оваа количина на спиење придонесува за нивното добро здравје и за состојбата на организмот. Меѓутоа, повеќето адолесценти спијат пократко, а истражувачите утврдиле дека две третини од нив не спијат подолго од седум часа.

ASSM истакнува дека раното станување заради училиште го ремети природниот циклус на спиење, а лошиот сон кај адолецснетите може да доведе до лоши резултати во училиште, зголемена телесна тежина, пореметување на метаболизмот, депресија, ризично однесување и го зголемува ризикот од спортски повреди.

Студијата покажала дека одложувањето на почетокот на часовите за само еден час намалува некои од овие последици за 16,5 отсто. Користа која би можеле да ја имаат тинејџерите од подоцнежно почнување на часовите би ниле, подолг сон, помала поспаност во текот на денот, поголемо учество во училиште активности, помала раздразливост, побрзи реакции, ублажување на симптомите на депресија.

AASM истакнува дека тинејцерите би требало да ја избегнуваат употребата на телефони и таблети пред спиење или во текот на ноќта, затоа што овие гаџети можат негативно да влијаат на спиењето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]