Психолозите откриваат на која возраст децата најмногу страдаат од разводот

Бебињата и тинејџерите можат полесно да го пребродат разводот од родителите, за разлика од оние во основно училиште на кои им треба повеќе време да го пребродат распаѓањето на семејството 

0
725

Разводот по доаѓањето на децата во семејството не е дел од ничиј животен план. Сепак, понекогаш брачните односи се толку влошени што без или со деца, не можат да преживеат и нема друг избор освен да се разведат.

Таа ситуација несомнено влијае на децата, но количината на траумите кои ќе ги преживеат зависат од возраста на детето.

Според детскиот психолог, др.Скот Керол, ако разводот се случи кога е детето се уште бебе, веројатно траумата од разводот е биде минимална.
„Веројатно единствена возраст кога може да се каже дека разводот нема да има значајно внимание е возраста под две години“, објаснува др.Керол.

Ова е главно така заради когнитивниот развој на детето пред третата година.
„Дури и двогодишниците имаат сеќавања такашто се посвесни за промените на емоционално ниво отколку на когнитивно. СТанува збор за тоа дека фигурата кон која се приврзани не е тука“, додава Керол.

Врв на возраст од 11 години

Поле третата година, потенцијалот за емоционална траума се зголемува и го досега врвот на возраст од 11 години. Во тој момент, децата имаат доволно години за да го разберат односот на своите родители. Развиваат длабока поврзаност со двајцата родители и како семејство.
„Разводот сам по себе не е најтешкиот дел. Кавгите и судирите се најголем проблем“, додава Керол. Тој судир станува особено штетен ако се сллучува пред детето. Уште полошо е кога родителите комуницираат преку детето или ги разурнат односите со бившиот партнер. Во најекстремните случаи: „Ако имало многу судири во бракот, разводот доаѓа како олеснување“.

Пред пубертетот, траумата од разводот може да ја вллоши родителот кој едноставно престанува да биде родител. Разводот кој води до недостиг од контакти или недоследни посети, може да предизвика детето да се чувствува како да изгубил дел од себе.

„Апсолутно најлоша работа за детето после разводот е едниот родител да не е вклучен. Ако сакате да видите депресивно дете, погледнете што се случува кога родителот нема да се појави“, објаснува Керол. Па додава дека е тоа поврзано со егото. Природно е да се прашува: „Што не е во ред со мене штом не ме сакаш?”

Адолесцентите развиваат идентитет независен од семејството

Меѓутоа, работите се менуваат кога децата ќе влезат во своите тинејџерски години. Со пубертетот повеќе се развива способноста за критично размислување, како и посилен поттик за развој на независен идентитет кој не е толку длабоко поврзан за семејството. „Кога детето поминува низ пубертетот има повеќе потенцијали за прифаќање и разбирање на родителскиот развод“, објаснува Керол и додава: „Имам тинејџери кои се залагаат за развод на родителите“.

Она што е важно да се нагласи, е дека се децата прилично прилагодливи, особено ако се психолошки здрави пред разводот. Тагувањето и прилагодувањето заради разводот би можеле да траат околу една година, но повеќето деца всушност се прилагодуваат кон новата реалност.

Помага ако родителите своите судири ги решаваат такашто децата не учествуваат во нив. Може да биде тешко, а за успешен реазвод понекогаш е потребно советување, а родителите можат подобро да разберат како меѓусебно да комуницираат, колку е подобра комуникацијата, толку и децата ќe бидат подобри.

„Научете да работите заедно затоа што сте родители. Морате да работите заедно“, заклучува Керол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]