Промоција на првиот македонски „Бебе Готвач“

Освен рецепти, во книгата се поместени и табели за дохрана, многу корисни информации и совети, како и многу автентични фотографии од оброци кои се приготвувани непосредно пред фотографирањето.

0
279

Утре, (среда, 3-ти мај 2017), со почеток во 18 часот, во „ATK Family Club“, ќе се одржи промоцијата на првиот македонски готвач со рецепти за бебиња и деца, „Бебе Готвач“.

Печатеното издание на „Бебе Готвач“ има 280 страни и содржи 350 рецепти за бебиња и деца, почнувајќи од 6-месечна возраст. Освен рецептите, во книгата се поместени и табели за дохрана, многу корисни информации во вид на совети, како и многу автентични фотографии од оброци кои се приготвувани непосредно пред фотографирањето.

Рецептите се поделени по месеци, а пред секој месец има соодветна статија за тоа како се развива бебето и што да се очекува во тој месец, како и соодветни табели со информации за тоа кои намирници се препорачува да се воведат.

И што е најважно, книгата е во согласност со препораките од „Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца“, издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија.

Книгата ќе се најде во продажба од 4-ти мај во Издавачки центар „ТРИ“, Клуб Матица, Тримакс и продажната мрежа на продавниците за здрава храна БИО-култ.

Автори на првиот автентичен македонски готвач за бебиња и деца „Бебе Готвач“ се Ирина Наков и Елена Петковска.

[better-ads type='banner' banner='999' ]