Џесика Абма поставила фотографија од својата ќерка Анастасија на Фејсбук, со многу важна порака за сите родители.
На фотографијата се гледа нејзината ќерка како спие, а кожата ѝ е црвена. Џесика вели дека „најстрашен момент“ било кога ја сликала и објаснила дека нејзиното девојче доживеало топлотен удар – во спалната соба.
Имено, Џесика отиша да ја провери својата ќеркичка која спиела во својата соба, но не можела да ја разбуди 20 минути па морала да повика и брза помош. Тогаш не знаела дека нејзината ќерка доживеала топлотрен удар, иако воопшто и не била на сонце.
„Анастасија отиде да спие. Немав поим колку е топло во нејзината соба се додека не влегов и не ја видов облеана во пот и црвена во лицето и не можев да ја разбудам повеќе од 15 минути“, раскажува мајката.
Кога стасала брзата помош ѝ го измериле нивото на шеќер во крвта кое изнесувало 1,2, а би требало да биде повеќе од четири. Ѝ дале сахароза и набрзо почнала да плаче, видно исплашена.
„Ова е лекцијата која ја научив и се надевам дека и останатите родители ќе научат нешто од ова. Редовно проверувајте ги просториите во куќата затоа што е тоа еднакво опасно како и оставањето на децата во автомобил“, вели Џесика и додава дека е се уште потресена.
„Не можам да замислам што ќе беше ако не отидев да ја видам“, рекла таа.