Предности и недостатоци на билингвалните деца

Во некои семејства е сосема нормално децата да учат два јазика истовремено. Меѓутоа, тоа може да биде предизвик и за родителите и за децата.

0
276

Некои деца раснат во земји во кои се употреуваат неколку јазици истовремено.
Со проблем обично се среќаваат родителите кои се преселиле во друга земја па се прашуваат дали децата да го учат само јазикот на земјата во која живеат или да го учат и родителскиот мајчин јазик.

За децата е првенствено важно да го совладаат јазикот на земјата во која живеат и во која веројатно ќе живеат, но корисно е и да совладаат уште еден јазик.

Предности на двојазичните деца

Некои истражувања покажале дека децата кои природно учат повеќе јазици се појреативни и подобри во решавањето на одредени задачи и совладување на вештини. Ако децата совладувааат уште еден јазик, покрај основниот, па макар тоа било и во првите години од животот, ги јакнат когнитивните способности и имаат подобра подлога полесно да учат странски јазици во иднина.

Сепак, треба да се биде внимателен. Некои експерти тврдат дека ако родителите не зборуваат дома на ист јазик како и децата, може да дојде до оддалечување и до проблеми во комуникацијата; родителите можат да ја изгубат контролата над децата, а тие можат да се свртат кон некои други луѓе кои лошо влијаат на нив, а со кои мислат дека имаат подобра комуникација.

Како да им се помогне

Обично дозволуваме децата природно да впиваат и друг јазик (да речеме, ако бабата и дедотоили роднините зборуваат на друг јазик). Важно е да ги изложувате децата на влијанието на двата јазии во различни средини и да ја сфатат важноста од учењето и совладувањето на двата јазици.

Иако, тие природно ќе сакаат да го совладаат и другиот јазик, затоа што сакаат да се разберат со бабата и дедото.

Се препорачуваат два пристапи: „еден родител, еден јазик“ или „употреба на повеќе јазици“.

Во првиот пристап родителите би требало да зборуваат на различни јазици со детето во раните години од животот. На пример, додека мајката зборува на англиски, таткото нека зборува, на пример, македонски.

Во другиот пристап родителите утврдуваат принцип на користење на двата јазика. Тоа може да биде ситуација кога на пример македонски се зборува само дома, а англиски во училиште или генерално, надвор од домот.

Кој принцип и да го изберете важно е да не ги мешате јазиците, односно, да не му зборувате на детето мешајќи ги зборовите од два јазици. Ако му зборувате на англиски тоа нека биде исклучиво на англиски.

Не треба да ве изненадува ако детето во разговор со вас ги помеша зборовите на двата јазици. Во тој случај треба да го поправите и да му кажете како се кажува тој збор на јазикот на кој ви се обраќа.

Денеска имате мноштво интересни помагала: музика, филмови, видео игри на разни јазии. Многу од нив се поедноставени и наменети токму за децата кои учат повеќе јазици. Другиот јазик можете да му го приближите на детето и преку нешто што тоа го сака. Ако станува збор за кошарка – гледајте го натпреварот на јазикот на кој детето учи.

Слободно испратете го детето кај роднините кадешто се зборува јазикот кој тоа сака го совлада. Тоа искуство многу ќе му помогне.

Проблеми во учењето

Најголемиот страв на родителите е дека ако децата учат два јазици наеднаш тоа ќе им биде премногу (особено ако се мали), и дека нема да успеат да совладаат правилно ниту еден јазик.

Вистина е дека детето може побавно да ги совладува јазиците, сепак, не се плашете, ќе ги совладаат сосема добро со ваша помош, совети и добронамерни поправки.

Секако дека детето кога ќе тргне во училиште подобро ќе го совладува и ќе го зборува јазикот на земјата во која живее, но полека ќе продолжи да учи уште еден. Можете да му помогнете опкружувајќи го, ненаметливо, и со другиот јазик.

И не се плашете, вашето дете нема да има проблеми во училиштето, кои нема да може да ги совлада затоа што учел уште еден јазик.

[better-ads type='banner' banner='999' ]