Пред да ги казните, сетете се како е да се биде тинејџер

Најлесно е да им се налутите на тинејџерите, да зборувате дека се невозможни, да се држите за глава заради нивното бунтовништво, но многу е попаметно да се обидете да ги разберете.

0
302

Најлесно е да им се налутите на тинејџерите, да зборувате дека се невозможни, да се држите за глава заради нивното бунтовништво, но многу е попаметно да се обидете да ги разберете.

Факт е дека во тие години се тврдоглави и го менуваат расположението, се затвораат во себе, експериментираат со физичкиот изглед. Проблемот е што повеќето родители не размислуваат зошто нивните адолесценти се нервозни и дрски, туку ги обвинуваат, а психолозите велат дека тоа е клучот за воспоставување нормална комуникација.
Затоа, мајки и татковци, вратете си го филмот назад и сетете се низ какви маки сами сте поминувале во тие години. Тогаш ќе имате повеќе разбирање за нив, а тие ќе почнат да се отвараат кон вас. Затоа што во тоа време, децата немат развиени вештини на соочување со проблемите, па единствено знаат да драматизираат и да се лутат, а несигурни се и чувствителни поради низа работи:

– Промени на телото
– Императивот да го изградат личниот идентитет
– Односите со врсниците
– Се пообемните училишни обврски
– Притисоците од околината и обвинувањата за нешто за што сметаат дека не се виновни
– Неправда во оценките
– Недостиг на можност да ги изразат своите мислења
– Високите очекувања на родителите
– Првите љубови

Студијата изработена во рамките на 967 американски семејства покажа дека строгата вербална дисциплина кај тинејџерите предизвикува уште полошо однесување во наредните години. Затоа, наместо да ги напаѓате, прашајте ги со какви дилеми и проблеми се соочуваат, слушајте ги внимателно додека ви раскажуваат, насочете ги кон решение, без да ги наметнувате и задолжително покажете им дека се грижите за нив.

Фото: www.novosti.rs

[better-ads type='banner' banner='999' ]