ПРАВИЛНО ДРЖЕЊЕ МОЛИВ И ГРАФОМОТОРИКА

0
2957
Наједноставно кажано, графомоторика е способност на држење молив и пишување.
Децата од најрана возраст развиваат фина моторика на раката, односно движења на дланката и на прстите. Со поттикнување на моториката, се поттикнуваат и соседните зони во мозокот кои управуваат со говорот.
На децата во тоа може да им се помогне со забавни игри како редење, сложување, откопчување, закопчување….
Способноста која малите деца ќе ја развијат е предуслов за успех во подоцнешните графомоторички активности, цртање, боење и пишување.
Со графомоторичките вежби детето не развива само моторика туку и внимание, ориентација, говор, спознавање. Тоа ги памети претходно усвоените движења, се користи со нив во новите ситуации и размислувања.
Интерес за молив, боици, малите покажуваат уште од една година. Моливот или боичката ја грабнуваат со цела рака, користејќи го рамото за да ја движат боицата.
Отприлика на возраст од две години, држењето на боицата е во понапредна фаза.
Од втората до третата година, децата боицата ја држат со прстите, но се уште не правилно.
Во периодот помеѓу три и пол и четири години, боицата се држи со три прсти, но при пишувањето ја движи целата рака, наместо прстите.

Веќе на пет години ( најдоцна до шестата година), држењето на боицата станува правилно. Тогаш боицата се држи со врвот на прстите и при пишувањето се движат прстите.


СО КОЈА РАКА ДА СЕ ПИШУВА

Отприлика до втората година, децата подеднакво ја користат и левата и десната рака.

Можно е детето претежно да ја користи десната рака, а потоа одеднаш да почне да и дава предност на левата. Дури и помеѓу втората и третата година на детето, родителите можат да почнат да забелеуваат дали детето е левак или деснак.

Склоноста на одредена страна, освен за раката, опфаќа и другии делови на телото: стапала, нозе, очи , па дури и уши. Таа карактеристика може да се забележи во ситуации како што е качување по скали или играње фудбал ( со која нога ја шутира топката).

КОГА ДЕТЕТО ОДБИВА ДА ЦРТА И ДА ПИШУВА

Најчесто прчината поради која децата одбиваат активност со молив или боица, е поврзана со потешкотиите со кои притоа се соочува. Не го форсирајте детето и секогаш имајте ја на ум возраста на детето и неговите способности.

Графомоторика е способност која се развива и која се вежба. Цртањето и пишувањето обидетет се да се поттикне на забавен начин, а добрата работа на детето може и да ја наградите.


ИГРИ ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ПРАВИЛНО ДРЖЕЊЕ БОИЧКА ИЛИ МОЛИВ

– Детето гужва шамивче во рака, почнувајќи од една страна, се додека целото шамивче не му се смести во дланка.

– Цртање со мрсни боици кои се веќе истрошени или искршени, така што се останати само кратки парчиња. Малите парчиња детето нема да може да ги дри со дланката, туку ќе ги употребува прстите и ќе ја вежба таа положба. Детето ги препознава предметите опипувајќи ги со раката.

– Со помош на пипета, детето префрла капка по капка вода од една чаша во друга. Со ова се развива сила на прстите и координација на движење.

– Префрлање на боичката меѓу прстите, во насока од палецот кон малиот прст и назад, а потоа со другата рака.

 


ПОЖЕЛНИ ГРАФОМОТОРНИ ВЕШТИНИ ПРЕД ПОАЃАЊЕ НА УЧИЛИШТЕ

Треба да постои флексибилност на дланката и на прстите, детето правилно да држи молив, линијата да му е јасна, да знае да повлекува линија од црта до црта, од точка до точка, да знае да прецрта геометриски форми, да умее да го напише своето име.

[better-ads type='banner' banner='999' ]