НАУЧИТЕ ГО ДЕТЕТО САМО ДА СЕ ОБЛЕКУВА

0
1647

Независноста и самодовербата се градат со ситници и со едноставни секојдневни успеси кои малите деца ги доживуваат… Дознајте кога е време вашето дете самостојно да се облече и како да му помогнете во тоа.

Дури и пред пубертетот, малите деца посакуваат сами да јаодбираат својата гардероба и како ќе изгледаат во која прилика. Откако вашето дете ќе стане дете на рана возраст, неговиот развој неочекувано е забрзан – тоа оди, зборува и се привикнува на нокшир. Важен, а често запоставен дел од развојот на оваа возраст, е самостојното облекување, бидејќи тоа вклучува голем број различни вештини.

Самостојноста во облекувањето е важна психолошка и емоционална пресвртница, истакнуваат психотерапевтите.

Децата, имено, тежнеат кон независнот, поради што не е изненадување желбата на детето во јануари да го облече својот костим за капење со цветен дезен! Ваквите искуства со најмалитесе неопходни бидејќи благодарение на нив и независноста која на тој начин ја градат стекнуваат самодоверба. Исто така, психолозите нагласуваат дека самата постапка на облекување претставува основа за развој на фината моторика – на пример, закопчувањето на копчињата.

Дознајте што се малите деца развиваат благодарение на едноставниот процес на облекување, што треба да очекувате во текот на нивното совладување на овие вештини, кои се главните пресвртници во развојот и на што е неопходно да обрнете внимание.

ТИПОВИ НА РАЗВОЈ

Постојат различни вештини кои детето ќе ги совлада доколку само се облекува. Притоа, доаѓа до развој на: крупната моторика (детето само ќе ги крева рацете и нозете со усогласени движења и ќе ги става во ракавите и ногавиците), фина моторика (ќе ги користи прстите за да го употреби патентот, копчињата, врвкитеитн.) и когнитивниот развој (детето го разбира редоследот на облекување на различните парчиња гардероба за облекување и размислува на кој начин годишното време и температура влијаат на изборот на облеката).

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?

Пред да почне да се облекува само вашето дете, неопходно е да го научите само да се соблекува. Околу осумнаесеттиот месец од животот, а понекогаш и порано, децата често се соблекуваат бидејќи тоа не бара многу вештина. Затоа родителите не треба да ги изненади кога наутро ќе влезат во собата на своето дете и ќе го здогледат голо. Психолозите напоменуваат дека децата стануваат заинтересирани за облекување дури после втората година и дека треба да почнат со едноставни парчиња облека – маици и фустанчиња кои се облекуваат брзо и лесно.

ГРАДЕЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА

Кога детето ќе почне само да се облекува, немојте да се зачудите ако се на нему е облечено наопаку. Посебно се забранети критиките – секој труд задолжително наградете го со пофалба. Меѓутоа, доколку тоа не сака да се облече според вашите правила, дозволете му, тој еден пат, да биде до крај горд на својот успех и концентрирајте се на она што е позитивно. Психолозите советуваат дури и ако се брзате да го однесете во градинка и да стигнете на работа на време, да почекате некоја минута доколку на детето му е потребно време да одлучи како ќе изгледа тој ден за да биде горд цел ден на себе и на својот избор.

ВНИМАНИЕ

Доколку, и по триесеттиот месец од животот, вашето дете се уште не почналосамостојно да се облекува, запрашајте се дали тоа секогаш го правите наместо него или охрабрете го да биде независно. Доколку секогаш инсистирате неговото облекување да биде ваша грижа, време е тоа да се промени. За почеток, предложете му на своето дете само да ги закопча копчињата. Покрај тоа, стручњаците нагласуваат да обрнете внимание на тоа дали детето потриесеттиот месец умее само да ги соблече чорапите и чевлите. Доколку тоа не е случај, обратете се кај педијатар бидејќи можно е детето да не е доволно силно или неговите моторички способности да се послаби.

[better-ads type='banner' banner='999' ]