Зошто децата во советските градинки спиеле на студ?

Децата во советските градинки спиеле на отворено, дури и во зима, кога температурите биле многу под нулата. Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка сè уште може да се види во скандинавските земји, како Норвешка.

0
323

Новинарите на порталот „Russia Beyond“ проучувале документ под наслов „Санитарни правила и прописи за градинки“ од 1985 година, кој бил одобрен од медицинските власти на СССР.

Советските детски институции разбрале дека децата треба редовно да останат на свеж воздух. Прописите налагале просториите на градинката да се проветруваат најмалку два пати на ден и децата редовно да си играат и шетаат надвор. Вработените во градинката требало да се погрижат децата да бидат топло облечени, но не претерано. Зимските капути биле задолжителни само доколку температурата падне под 4 степени Целзиусови. Меѓутоа, во овие санитарни правила и прописи нема информации за спиење на отворено.

Работен логор или здрава навика?

Но затоа постојат фотографии на кои се гледа дека децата во советските градинки спиеле на отворено, дури и во зима, кога температурите биле многу под нулата. Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка сè уште може да се види во скандинавските земји, како Норвешка.

Има и голем број интересни коментари на оваа тема од луѓе кои се доволно стари да се сеќаваат на ова и на својата младост во СССР.

Една од најважните задачи на првата советска влада била да ги спречи масовните епидемии, вклучително и туберкулозата. До почетокот на 1930-тите, над 25.000 лекари работеле во клиниките за туберкулоза; до 1957 година, повеќе од 130 милиони советски луѓе биле вакцинирани против туберкулоза. Но, суштината на борбата против епидемиите била секојдневната хигиена, пропагирана во градинките низ СССР.

Свежиот воздух бил неопходен за добро здравје. Здравјето на првите цареви од династијата Романови било лошо бидејќи поголемиот дел од животот го поминувале во своите одаи, ретко дишејќи чист воздух, особено кога биле деца.

Спротивно на тоа, советските деца поминувале многу време надвор. Интернет-корисникот matros_kruzhkin, кој поминал една година во лечилиште за деца против туберкулоза помеѓу 1959 и 1960 година, напишал: „Добро се сеќавам на овие времиња на дремење на тераси на отворено, дури и во зима. Само носот беше изложен за да можеме да дишеме. Оние кои уште не одеа беа изнесувани надвор и ги ставаа под топли ќебиња. Просториите се грееја на огревни дрва“.

Корисникот ДураЛена се сеќава дека во 1980-тите „целата група во градинка одела надвор само по гаќички, додека ги полевале со вода од црева“.

Сепак, овој режим не бил воопшто пријатен за некои деца.

„Никогаш нема да го заборавам ова, тоа беше како работен логор“, напишал корисникот по име барбосиара.

„Не можеше да мрднеш ни педа во овие вреќи за спиење, а јас не можев да поднесам нешто толку цврсто. Кога ќе полудев од бес, проклетата воспитувачка од градинка само повеќе ќе ме стегнеше.

Имаше многу работа за воспитувачите. Корисникот eliabe_l, роден во Москва во 1950-тите, се сеќава: „Тие мораа да ги стават децата во вреќи за спиење, потоа да ги извадат на терасата и ширум да ги отворат прозорците од градинката. По еден час дремење, сè мораше да се врати внатре. И тоа беше обична градинка, а не елитна институција. Секое утро сите деца ги прегледуваше лекар и ако некое беше настинато, ги испраќаа дома“.

Санитарните норми пропишувале спиење надвор ако температурата е над -10 Целзиусови.

Романтично искуство

Сè на сè, тоа е искуство на кое многу луѓе се сеќаваат дури и во постарите години. Многумина ја задржале оваа „романтична“ навика за спиење до ден-денес, па спијат со отворени прозорци дури и во најстудените периоди од годината.

„Се сеќавам дека во јаслите после ручек не ставаа во дебели ќебиња и не изнесуваа надвор на спиење. Спиевме на некои многу широки маси. Сакав да лежам и да гледам како лисјата паѓаат наесен или како птиците скокаат по голите гранки во зима. И секогаш близу нас седеше воспитувачката облечена во капут. Таа ги фаќаше замрзнатите прсти, одвреме-навреме не погледнуваше од под веѓите. Јас брзо ги затворав очите цврсто и се правев дека спијам“, заклучил корисникот Олк.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]