ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ НА БЕБЕШКАТА ХРАНА

0
2635

Доколку сте подготвиле поголемаколичина храна за своите дечиња, зачувајте ги во ладилник или во замрзнувач. Еве неколку совети како правилно да ја чувате храната.

Кога вашето бебе ќе почне да ужива во кашичките од овошје и од зеленчук, можете да ја приготвувате неговата омилена храна во поголема количина и да ја зачувате за подоцна. На тој начин ќе го скратите времето на подготвување, па вашите деца нема да мора да чекаат на сочните оброци.

Храната можете да ја чувате во ладилник, но и во замрзнувач, а за тоа најдобро можат да ви послужат вакуум садови или кеси.

Прочитајте ги советите за правилно складирање и чување на храната за бебе.

ЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА ВО ЛАДИЛНИК

Најдобро е кашичките да ги поделите на поединечни порции и така да ги чувате во ладилникот. Вака подготвената може да стои до два дена.

ЧУВАЊЕ ВО ЗАМРЗНУВАЧ (ПРВ НАЧИН)

Храната можете да ја замрзнете во садовите за мраз, така што ќе ја ставите во секој дел посебно. Кога ќе се замрзне, коцките храна можете да ги префрлите во обични садови за замрзнувач. Вака складираната храна може да стои во замрзнувач до три месеци.

ЧУВАЊЕ ВО ЗАМРЗНУВАЧ (ВТОР НАЧИН)

Храната за бебе можете да ја чувате и во облик на „плескавица“. Најпрво нанесете слој храна на хартија за печење, па замрзнете ја. Замрзнатата порција потоа префрлете ја во кеси или во садови за замрзнувач.

КАКО ДА ЈА ОДМРЗНЕТЕ ХРАНАТА

По одмрзнувањето на храната, искористете ја во рок од 48 часа. Немојте никако повторно да ја замрзнувате. Храната можете да ја одмрзнувате во ладилникот така што ќе ја држите преку ноќ. Исто така, замрзнатата храна можете да ја одмрзнете и во купка. Кесето или садот ставете ја во топла вода, и повремено менувајте ја течноста. Кога ќе се одмрзне, ставете ја храната во садови и држете ја во ладилникот до послужувањето.

Храната можете да ја одмрзнете и во микробранова печка (само во итни ситуации), така што ќе ги следите упатствата на самиот апарат. Водете сметка да не ја послужите премногу топла храната.

[better-ads type='banner' banner='999' ]