ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ СТАВА СОЛ ВО БЕБЕШКАТА ХРАНА?

0
3470

Солта е неизоставен зачин, а младите родители често се во дилема дали да ја додаваат во кашичките за бебиња.

Стручњаците препорачуваат дека не е потребно да им се соли храната додека не наполнат една година, бидејќи така им ги чувате бубрезите. По првиот роденден добро би било малку да ги посолите оброците за детето, но што помалку.

За да бидете сигурни дека нема да претерате во додавањето сол, испробајте ја методата која ја предлагаат нутриционистите.

Подгответе околу 25 грама сол или околу 100 мл свежа вода. Водата варете ја десетина минути на средно силна температура, а потоа досипете онолку колку испарило, па додадете сол. Солениот раствор процедете го и оброкот за бебето зачинете го со половина лажичка.

Во првите шест месеци од животот на бебето е доволно помалку од 1 грам сол кој се внесува преку мајчиното млеко или вештачката исхрана, помеѓу 7-иот и 12-иот месец, доволно е 1 грам сол, додека пак, кај деца од 1-3 години потребно е помалку од 2 грама сол на ден.

По 8-от месец од неговиот живот, можете да додавате зачини и билки доколку сакате да го подобрите вкусот на бебешката храна. Бебињата, исто така, го обожаваат вкусот на јогурт и павлака, па истите може да ги додадете при подготовка на зеленчук.

Доколку подготвувате некаков оброк кој се пече во рерна, количината на сол за целиот оброк треба да изнесува помеѓу ¼ кафена лажичка и една супена лажица. За супи и други готвени јадења, дозволена е количина од ¼ до 1 кафена лажичка во целиот оброк, бидејќи не треба посебно да му го засолувате јадењето на детето. Притоа, доколку подготвувате храна само за вашето дете, на пример во пирето или салатата од зеленчук нема потреба посебно да додавате сол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]