Практични идеи на снаодливи мајки кои го олеснуваат животот со деца

0
386
Кога имате деца, досетливоста е најважна. Можеби и вам ќе ви помогне некој од овие практични совети.

ideje za mameМајките на социјалните мрежи имаат интересни решенија како да си го олеснат денот со детето. На пример, голема кутија и фломастер се интересно решение како вашето дете да се забавува само извесно време додека вие го правите ручекот или додека средувате низ дома. Детето е безбедно, а ѕидовите сочувани!

ideje za mame

Нема мајка која барем еднаш не дошла во ситуација нејзиното дете да не сака да пие млеко. Но доколку го украсите со шарени перлички какви што се употребуваат за украсување на тортите или уште подобро, со оние витаминските, тешко дека ќе остане неиспиено.

ideje za mame

Дали вашето дете троши цела ролна тоалетна хартија за само еден ден? Ова е идеално решение.

trikovi za roditeljeЗа да не пропуштите да му дадете на детето лек или пак да му дадете двојна доза, нацртајте табела на шишенцето и запишувајте го секое давање на дозата.

deca obuvanje

Ако вашето дете има проблем да одреди која му е лева а која десна патика, помогнете му со налепници кои меѓусебно се дополнуваат. Така ќе може да се облече правилно без ваша помош.

[better-ads type='banner' banner='999' ]