Постара мајка, поризично породување

„Овие резултати би требало да придонесат за подобро информирање на жените кои размислуваат за одложување на својата бременост до четириесетите“, напишале научниците.

0
460

Ризикот од опасни компликации на породувањето расте со староста на мајката, покажува новата студија.
Научниците од универзитетот Британска Колумбија ги анализирале податоците за над 800 илјади породувања во држвата Вашингтон и ја споредиле зачестеноста на опасните компликации во различни старосни групи на родилки. Заклучиле дека некои компликации се речиси осум пати почести кај родилките постари од 39 години во однос на оние на возраст од 25 до 29 години. Мајките стари од 45 до 49 години пет пати почесто завршуваат на интензивна нега по породувањето отколку помладите жени.
Ризикот за жените на возраст од 40 до 44 години да родат мртвороденче е поголем за 70% отколку кај оние во дваесетите години, а смртта на новороденчињата е два пати почеста кај жените во четириесетите.
„Овие резултати би требало да придонесат за подобро информирање на жените кои размислуваат за одложување на својата бременост до четириесетите“, напишале научниците и заклучиле дека си се помасовното одлужување на бременостите, и бројот на сериозни компликации на породувањето се повеќе ќе се зголемува.

[better-ads type='banner' banner='999' ]