Полуден свет!

Бебињата кои тукушто дошле на овој луд свет веќе се на социјалните мрежи, но непријатно е кога некоја од мајките ќе се најде во ваква позиција, како позадина на првата фотографија.

0
999

Познато е веќе она дека ако нема кому да се пофалите, залудно ви е се што сте направиле, но веќе одамна, односно, откако постои Фејсбук, секој има шанса да се пофали.

Многумина се согласуваат дека тоа понекогаш е навистина дегутантно и ги преминува сите граници, но изгледа дека се повеќе оние кои не мислат така.

Имено, наместо да запре, објавувањето на фотографии на Фејсбук зема се поголем замав, а тие пак откриваат се повеќе од интимата на луѓето.

На сликите од породувањата веќе се навикнавме, но еве, понекогаш и оние кои немале намера да го сликаат своето, и да покажат се и сешто, завршуваат на „ѕидот на срамот“ откако некој од нетрпеливите роднини и блиски, евентуално, новопечениот татко, ќе ја направи првата фотка од новороденчето без да обрне внимание на позадината.

Не веруваме дека оваа мајка ќе биде воодушевена од фотографијата, но сега е веќе и онака доцна за жалење, фотографијата веќе заврши на сите социјални мрежи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]