ПИЛАТЕС ВЕЖБИТЕ ВО БРЕМЕНОСТА ЈА ЕЛИМИНИРААТ ДЕПРЕСИЈАТА

0
1878

Бремените жени кои вежбаат имаат подобра кондиција и полесно се породуваат, па затоа едноставните и лесните пилатес вежби се препорачливи во бременоста.

Секоја бремена жена пред вежбањето треба да се консултира со својот лекар, бидејќи постојат одредени ситуации во бременоста, во кои се препорачува целосно или делумно мирување, односно потребно е да се избегнува секој напор, па така и вежбањето. Но доколку бременоста е нормална, би било добро да се вежба барем три пати неделно по 20 минути.

Пилатесот е вид на вежби, кои ја комбинираат еластичноста и енергијата, со правилно дишење и отпуштање, за да се постигне флексибилноста со силата на мускулите и телото. Слично на јогата, но постојат важни разлики во дишањето за време на вежбањето.

Додека јогата се вежба само со помош на телото и се дише исклучиво на нос, пилатес го комбинира дишењето на нос и уста, а за вежбањето можат да се користат и некои помагала, како еластична трака или топка.

Топката за пилатес е мошне корисна, бидејќи служи како потпирач и дополнително ги балансира мускулите. Идејата на пилатес вежбите е фокусот да се насочи кон прецизно и правилно вежбање, а не зачестеност и повторување на движењата.

Добри страни на вежбањето пилатес во бременоста:

– Релаксација и отпуштање на мускулите, намалување на болките посебно во вратно-раменскиот дел и во грбот

– Олеснување на функцијата на вегетативниот нервен систем, релаксација

– Ја елиминира депресијата и здебелувањето во бременоста

– Ги зајакнува стомачните мускули, мускулите на карлицата и грбот

– Го олеснува породувањето и закрепнувањето по бременоста и породувањето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]