Пет работи кои е препорачливо да се избегнуваат во бременоста

Не треба да ја боите косата, да носите високи потпетици, тесна облека и секако избегнувајте естетски операции

0
1310

Постојат неколку правила врзани за модата и убавината кои трудниците би требало да ги следат, односно да ги избегнуваат

  1. Високи потпетици

Ова не е добро за здравјето осбено за време на бременоста. Освен што доведува до мноштво здравствени проблеми, постои голема опасност и да се сопнете и да се повредите.

  1. Тесна облека

Некои жени намерно носат тесна облека за да го скријат стомачето. Би требало да носите облека која не ве стега и во која се чувствувате удобно.

  1. Боење на косата

Ова е препорачливо да се избегнува барем во првото тримесечие од бременоста затоа што речиси сите бои за коса содржат амонијак. Оваа хемикалија има силен мирис и кога се вдишува може да предизвика мачнина и повраќање.

  1. Естетски операции

Било кој вид на естетска хирургија не е пожелен за време на бременоста.За време на естетската хирургија се користат многу хемикалии кои продираат во кожата и на тој начин се мешаат со вашата крв, што може да предизвика различни проблеми во текот на бременоста.

  1. Тесна долна облека

Никогаш не носете тесна долна облека во текот на бременоста. Не треба да се притискаат ниту интимните делови од телото, а особено не би требало да се притискаат градите кои во тој период произведуваат млеко.

[better-ads type='banner' banner='999' ]