Постојат неколку правила врзани за модата и убавината кои трудниците би требало да ги следат, односно да ги избегнуваат
- Високи потпетици
Ова не е добро за здравјето осбено за време на бременоста. Освен што доведува до мноштво здравствени проблеми, постои голема опасност и да се сопнете и да се повредите.
- Тесна облека
Некои жени намерно носат тесна облека за да го скријат стомачето. Би требало да носите облека која не ве стега и во која се чувствувате удобно.
- Боење на косата
Ова е препорачливо да се избегнува барем во првото тримесечие од бременоста затоа што речиси сите бои за коса содржат амонијак. Оваа хемикалија има силен мирис и кога се вдишува може да предизвика мачнина и повраќање.
- Естетски операции
Било кој вид на естетска хирургија не е пожелен за време на бременоста.За време на естетската хирургија се користат многу хемикалии кои продираат во кожата и на тој начин се мешаат со вашата крв, што може да предизвика различни проблеми во текот на бременоста.
- Тесна долна облека
Никогаш не носете тесна долна облека во текот на бременоста. Не треба да се притискаат ниту интимните делови од телото, а особено не би требало да се притискаат градите кои во тој период произведуваат млеко.