Веројатно нема поголема возбуда од исчекувањето на резултатите од тестот за бременост. Некои жени тој интимен момент не сакаат да го поделат со никој друг освен со партнерот, додека други учествуваат во виртуелните „Pee Party“ кадешто заеднички ги исчекуваат резултатите од тестовите за бременост.
Интернетот дава безброј можности, меѓу кои се и анонимните расправи на форумите. Со заштитен идентитет, луѓето немаат преголеми проблеми со откривањето на интимните информации. Така настанале и онлајн форумски дружења и групи во кои потенцијалните трудници заедно го исчекуваат моментот кога ќе го дознаат резултатот од тестот за бременост.
Станува збор за жени кои во исто време минуваат низ истата возбуда. Терминот за ваквото виртуелно движење се договара однапред. Питенцијалните трудници истовремено прават тест за бременост и резултатите ги споделуваат со останатите жени во групата.
Таквото анонимно дружење птретставува голема поддршка за жените кои се напнати во однос на резултатите од тестото, како и утеха за оние чиј тест не го покажал толку посакуваниот плус.