Педијатрите советуваат: Извадете ги децата надвор и кога е ладно

Колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители за болести. Немојте да мислите дека ќе го заштитите бебето од настинка ако го чувате во затворен или претопол простор. Колку почесто го носите надвор, толку ќе биде поздраво.

0
7399

Со намалувањето на температурите многу родители се плашат да ги извадат своите деца надвор затоа што се плашат дека децата така побрзо ќе се разболат. Парковите и игралиштата се празни, а децата повеќе си играат дома или во игротеки кадешто поради затворениот простор, ги демнат вирусите.

Еве неколку совети за престојување на децата надвор во текот на зимските месеци:

Бебињата до првата година од животот можат и треба да престојуваат надвор секој ден најмалку по половина час освен во случај кога е температурата на воздухот под -10, кога дува силен ветар, кога има магла, снежна меќава и кога е многу влажно. Во сите останати ситуации се препорачува децата до првата година од животот да престојуваат надвор до половина час, а поголемите деца и подолго. Ако е многу ладно, поголемите деца можат да одат надвор по неколку пати во денот по половина час.

Престојувањето на свеж воздух го јакне имунитетот и чисти дишните патишта.

Престојот на дневна светлина го подобрува очниот фокус и ги одмара очите. За психолошкиот развој е важно детето да има контакт со природата. Колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители за болести. Немојте да мислите дека ќе го заштитите бебето од настинка ако го чувате во затворен или претопол простор. Колку почесто го носите надвор, толку ќе биде поздраво.

Поголемите деца се повеќе време поминуваат дома, играјќи игри и гледајќи телевизија. Овие промени довеле до сериозно влошување на здравјето на децата и има се повече деца кои имаат проблем со деелината, со зголемен шеќер или висок притисок. Родителите многу работат и се плашат да ги пуштат своите деца сами надвор. Уште полошо е во зима кога и на родителите им е ладно па не ги ни носат децата надвор. Во британското списание The Gardian има текст во кој пишува дека денешните деца поминуваат помалку време надвор отколку затворениците. Најновите истражувања покажуваат дека секое десето дете од Британија, во текот на изминатата година не било во парк, во шума, на плажа ниту еднаш, а над 75% од децата поминуваат надвор помалку од еден час дневно, а во зима ова време се намалува на неверојатни 10 минути дневно кои се сведуваат на водењето во училиште или градинка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]