Кога ќе добиете дете животот станува малку покомплицирн отколку што бил. Нова „улога“, ново бебе и нов стил на живот. А толку нови работи наеднаш умеат да делуваат застрашувачки. За среќа, тука се прирачниците, интернетот и грижливите (познати и непознати) советници.
Кога сето тоа заедно ќе ги излуди, мајките обично одлучуваат да го слушаат само педијатарот, затоа што сите останати извори се неизсцрпни и честопати многу контрадикторни.
Еве што е она што педијатрите би сакале да го знаат сите родители, но нема да ви го кажат ако не ги прашате:
Скапите пелени не се подобри од ефтините
Нема ниту еден доказ кој би им одел во прилог на поскапите пелени од познати производители. Сите пелени кои не предизвикуваат осип (што знали дека од некоја причина не му годат на вашето бебе) се еднакво добри.
Нема вистинско време за одвикнување од доење
Кога детето ќе прејде на цврста храна, доењето е повеќе галење со мајката отколку извор на храна. Кога ќе престанете да го доите детето е исклучиво ваша одлука. Но предијатрите препорачуваат, ако е можно, да почекате бебето да наполни барем шест месеци.
Цуцлите лажливки не се „непријатели“
Цуцлите лажливки се сосема ОК ако му дават на бебето утеха и смирување. Има бебиња кои го цицале палецот уште во стомакот на мајката и тие се навикнати на тоа. Но тоа не е причина на бебето да му тутнете цуцла веднаш штом ќе заплаче. Прво проверете да не е можеби време да му ја смените пелената, да не е гладно, жедно, да не му е жешко или здодевно. Дури ако ништо од ова не помогне, понудете му ја цуцлата.
Внимателно со споделувањето на предмети со другите деца
Не дозволувајте глодалките, цуцлите и воопшто, играчките кои вашето дете ги става во уста, да го користат и други деца. Делењето е убаво и треба децата да се научат да ги делат работите со другите, но не на возраст кога се што ќе им дадете го ставаат прво во уста, па дури потоа го погледнуваат.
Не се губете во непрегледните интернет пространства
Во ред е да фрлите поглед, ако имате некоја недоумица, но ако барате совети на интернет, погрижете се да одите на релевантните сајтови и форуми. Во спротивно, ќе бидете целосно збунети!