Парацетамолот, лекот против сите болки, кој е еден од ретките на листата на лекови што трудниците можат да ги пијат, сега произлегува дека е опасен.
Шпанските истражувачи утврдиле дека децата кои биле долго изложени на овој лек во стомакот од мајката почесто имале проблеми со вниманието, и се посклони кон АДХД и аутизам.
Ова е прва студија од таков вид, а исто така и прва која укажала на различното влијание на лекот врз момчињата и девојчињата. Се испоставвило дека момчињата се посклони кон аутизам, додека и двата пола се склони кон АДХД, пишува Дејли Меил.
Тие следеле 2644 двојки мајки и деца, а децата и прегледале откако навршиле една и пет години. Мајките морале да се изјаснат колку често земале парацетамол – никогаш, повремено или многу често. На парацетамол биле изложени 43 отсто од децата во бременоста. Момчињата кои биле често изложувани на парацетамол покажале повеќе симптоми на аутизам.
Иако ги меревме симптомите и не поставувавме дијагнози, порастот во бројот на симптоми кои детето ги има може да влијае на него или неа, иако не се довоно сили за да гарантираат клиничка дијагноза или неуроразвојно пореметување“, рекла водителката на истражувањето Клаудија Авела-Гарсиа.
Истражувачите веруваат дека парацетамолот ги менува важните процеси на стареење на невроните и меѓусебното поврзување во мозокот. Исто така, сметаат дека може да влијае и на развојот на имунитетот или да биде директно токсичен за некои фетуси кои не можат да се борат со тој лек затоа што не се доволно развиени.
„Машкиот мозок е веројатно почувствителен на штетното влијание во раниот стадиум на живот“, истакнала Авела-Гарсиа како објаснување за тоа зошто мочињата почесто имаат симптоми на аутизам.
Широката употреба на парацетамол во бременоста може да го зголеми бројот на заболени деца од пореметувања на вниманието со хипперактивност или аутизам, е заклучокот на оваа студија. Но потребни се натамошни истражувања за количината која трудниците смеат да ја пијат.