Паметна Wi-Fi колевка што смирува и заспива расплакани бебиња

Креаторот на овој проект ја добил идејата како последица од личното искуство од непроспиените ноќи со четири деца. Така после петгодишна работа родена е колевката Snoo.

0
358

Станува збор за Wi-Fi роботска колевка за бебиња наречена Snoo која им дозволува на родителите да го надгледуваат шаблонот на спиење на своето дете, затоа што податоците се испраќаат директно на нивниот паметен уред преку Wi-Fi конекција. Не се грижете, радијацијата од Wi-Fi сигналот има метален штит вграден во колевката такашто нема воопшто да му пречи на бебето. Секако, оваа опција може да биде и исклучена.

Колевката има и неколку автоматски опции кои ќе соодветствуваат на расположението на бебето – тука е сензорот кој автоматски ја придвижува колевката веднаш штом бебето ќе се разбуди и ќе заплаче. Добра работа е тоа што лулањето на колевката не може да биде активирано ако вградениот ремен кој го држи бебето на место додека спие, не е безбедно закачен за страните од колевката. Колевката има вграден и звук со ниска фреквенција кој се активира кога бебето ќе се разбуди во текот на ноќта и звук со повисока фреквенција кој лесно го смирува расплаканото дете.
Секако не постои замена за допирот и гласот на родителите кои го смируваат и го заспиваат детето, но колевката Snoo има за цел повремена замена на исцрпените родители, а ја препорачуваат бројни педијатри. Идејата за овој проект било личното искуство на дизајнерот Ив Бехар и неговите непроспиени ноќи со четири деца. Така е родена колевката Snoo, после пет години работа, во соработка со др.Харви Карп.
Моментално Snoo е погодна за деца и за бебиња, иако нејзиниот развој веројатно ќе оди многу подалеку од тоа. Нејзината цена ќе биде 1.200 евра, а може да се купи преку интернет.

[better-ads type='banner' banner='999' ]