„Сите сме Суперхерои“ в недела во Јавна соба

Сите цртежи и изработки ќе бидат изложени на продажната изложба на настанот на 20ти ноември, а собраните пари ќе бидат донирани за децата со неизлечиви болести од Детската Клиника во Скопје.

0
207

Хуманитарен настан чија тема ќе биде „Сите сме Суперхерои“ ќе се одржи во „Јавна соба“ на 20ти ноември во 13 часот, по повод Светскиот ден на детето – 20ти ноември, а во организација на Здружението на граѓани „Иновативни мотиватори – Јас сум“, во соработка со Здружението за Дислексија „Ајнштајн“ и Центарот за младински активизам „Крик“.

На настанот ќе се дружат сите деца, oдносно децата со типичен развој и децата со посебни потреби, свое обраќање ќе имаат Александар Матовски – Цако, Филип Фиц Наков, Даријан Шекеров – креатор на „Слико Збор“, Aндроид апликација наменета за подобра комуникација на деца со аутизам и потешкотии во изразувањето и дефектологот д-р Маја Нечевска – Станкоска, додека пак забавата ќe биде разиграна од аниматори – суперхерои.

Со својата позитивна енергија ќе учествува и Наташа Антонијевиќ, професор во школата за едукативно и рекреативно цртање и сликање „Ателје 49”, со чија помош ќе се одржат креативни ликовни работилници во неколку основни училишта при градот Скопје.

Предвесник на овој настан ќе биде Креативната ликовна работилница, која ќе се одржи на 16ти ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје од 18:30 часот. Оваа креативна работилница ќе биде реализирана со помош на студенти од Факултетот за ликовна уметност и студенти по дефектологија кадешто сите деца ќе имаат можност да сликаат и да прават креативни изработки на тема „Биди Суперхерој“.

Сите цртежи и изработки ќе бидат изложени на продажната изложба на настанот на 20ти ноември, а собраните пари ќе бидат донирани за децата со неизлечиви болести од Детската Клиника во Скопје.

Целта на овој настан е да се разрушат предрасудите за децата со попречености, како и да се стави фокус на еднаквиот третман кон секое дете, да се даде до знаење дека иако секое е различно на свој начин, секое од нив е од еднаква голема важност за општеството.

– Наша желба и цел е да ја подигнеме свеста и да ја поместиме границата за онолку колку што е потребно за да докажеме дека без разлика дали се работи за деца со типичен развој или за деца со посебни потреби, она што ги прави еднакви е големината на срцата што идентично чукаат во нивните гради! На овој начин секое дете ќе помогне на некое друго дете, а најважно од сè e што секој ќе има можност да биде нечиј суперхерој – велат организаторите.

Влезот за работилницата како и за изложбата е слободен.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]