Со овие 3 правила вашето дете сигурно нема да биде размазено

Секој од нас одредува како ќе го одгледува детето, но на некои тоа им успева подобро

0
1335

Ако сакате добро да го воспитате детето, ќе мора да воспоставите некои основни правила. Секој од нас одредува како ќе го воспитува детето, но на некои тоа им оди од рака подобро, а на некои послабо.

Бидете доследни

Секогаш, но секогаш бидете доследни. Децата ќе ги тестираат вашите граници. Важно е да се држите до сопствените правила. Кажете не кога е тоа потребно и бидете доследни во тоа затоа што на детето нема да му биде јасно зошто еден ден нешто смее, додека друг ден не смее. Правилата мора да бидат секогаш исти без исклучок и без попуштање на молбите на детето. Немојте да се сожалите над детето сано затоа што нешто сака да добие. Коа еднаш ќе поопуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин да го добие тоа ако ја користи таа техника. Секој следен пат кога ќе кажете „не“, детето нема да престане додека повторно не попуштите. Покажете дека го мислите тоа што го кажувате. Ако не оставите простор за толкување, ќе избегнете некоја подоцнежна расправа. Понекогаш нема да бидете сигурни дали нешто треба да дозволите, тогаш побарајте од детето да ви објасни зошто е тоа добра идеја. Врз основа на неговиот одговор, можете да одлулите што треба да правите.

Детето треба да има задолженија и задачи во домот

Давајќи му на детето некои едноставни задачи прилагодени кон неговата возраст, ќе му помогне да стекне чувство за одговорност. На пример, нека ги среди играчките на место, или нека ви помогне да го исчистите нередот што го направил. Пофалете го детето кое добро ја завршило задачата што сте му ја задале. Веројатно потоа ќе сака да ви помага повеќе.

Детето треба да почувствува „разочарување“

Штитејќи го детето од сите животни „удари“ му правите „мечкина услуга“. Со попустливоста не му правите никаква услуга на детето, секако, зборуваме за ситуации кои се соодветни на возраста на детето. Ниту еден родител не сака кога детето му плаче или кога е вознемирено но во реалниот живот разочарувањата се неизбежни. На пример, ако во дуќан не му купите некоја играчка, мора да научи дека не може секогаш да го добие тоа што го сака. Со тоа ќе научи да ги контролира чувствата и однесувањето. Додека учи како да го прифати разочарувањето, детето воедно развива и и способност да се соочи со емоционалните стресови подоцна во животот.
Затоа што никој, ама баш никој, не сака размазени деца, а особено не, размазени луѓе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]