Откриена причината за синдромот на ненадејна смрт на бебињата при спиење

Откриена е врската помеѓу синдромот на ненадејна смрт кај бебињата при спиење (SIDS) и протеинот во мозокот задолжен за регулирање на спиењето.

0
774

Истражувачите ja лоцирале врската помеѓу бебињата кои умираат од синдромот на ненадејна детска смрт Sudden Infant Death Syndrome (SIDS) и возбудата при спиење.
Истражувањето спроведено во Детската болница Westmead открило поврзаност помеѓу смртта на бебињата кои умираат од SIDS – состојба во која деца на возраст под една година ненадејно умираат во сон и намаленото ниво на мозочниот протеин, познат како orexin, кој помага да се регулира спиењето.
И не само тоа, туку, како што објави Дејли телеграф, и намаленото ниво на orexin кај возрасните е поврзано со ноќната апнеја, односно, паузи во дишењето во текот на спиењето.
Доктор Рита Мачалани од оваа Детска болница изјавила дека со оглед на овие цврсти докази во студијата е убедена дека случаите на ненадејно умирање на бебињата во текот на спиењето се поврзани со мозочниот протеин што го регулира спиењето, па со оглед на тоа сега докторите ќе бидат во можност да го предвидат ова веднаш по раѓањето на бебињата и ќе можат да ја спречат нивната смрт.
„Ако може да утврдиме кое е нормално ниво на овој протеин кај бебињата кога ќе се родат, тогаш може да се искористат абнормалностите за да се предвиди кои деца би можеле да бидат изложени на ваков ризик во иднина, од SIDS или од апнеја при спиење”, објаснува д-р Мачалани.

[better-ads type='banner' banner='999' ]