Осум вештини кои вашето дете мора да ги стекне за да може да се снајде во животот

Поранешниот декан на Стенфорд направил листа од вештини кои, според неговото мислење, треба да ги поседува секоја личност до својата 18.година.

0
931

Според поранешниот декан на Стенфорд, младите треба да бидат во можност самите да излезат на крај со своите проблеми, сами да ги организираат своите финансии, своето време, обврски, итн. Ако се јавуваат и бараат помош од своите најблиски околу овие работи, значи дека немаат основни животни вештини.

Еве список кои осум вештини би требало да ги има совладано секој млад човек до својата 18.година:

Да бидат во состојба да разговараат со непознати луѓе

Од малечки ги учиме да не зборуваат со непознати, но би требало да ги научиме да ги препознаваат лошите и добрите странци. Затоа, подоцна во животот, децата не знаат како да се „соочат“ со непознатите, како да остварат контакт со очите и да се однесуваат со почит, а тоа ќе им биде потребно секогаш кога ќе треба да се соочат со продавачите, банкарите, адвокатите, возачите на автобус и слично.

Да бидат во можност да се снајдат на улица

Често ги возите своите деца и одите секаде со нив, па тие не умеат да се снајдат во својата средина, да се возат со градски превоз, да се ориентираат, да испланираат патување, итн. А сето тоа е многу корисно и потребно, особено ако вашето дете замине да студира во некој друг град, пишува порталот Бизнис Инсајдер.

Сами да ги организираат своите обврски, да ги исполнат зададените рокови, итн.

Секогаш ги потсетуваме на нивните обврски и им кажуваме кога требада ги направат, а некогаш дури и смаите ги правиме наместо нив. Подоцна тие не можат да се организираат и не знаат кои задачи имаат приоритет.

Да придонесуваат во домаќинството во кое живеат

Често не бараме помош од нив заради нивните училишни обврски како и поради тоа што им е денот исполнет со вонучилишни активности. Но ова доведува до тоа тие потоа да не умеат да водат грижа за себе и за своите потреби, а не знаат ниту да ги почитуваат потребите на другите.

Да знаат да се соочат со своите лични проблеми

Често им прискокнуваме на помош и им ги решаваме нивните проблеми, само за да не бидат потресени или повредени, но токму затоа подоцна не се во состојба сами да си ги решаваат своите проблеми.

Да знаат да излезат на крај со подемите и падови

Им помагаме кога работите ќе станат тешки па тие незнаат дека во животот не е сѝ рамна линија, туку постојано бранување. Со тоа ќе се соочуваат на работа, на факултет, во односот со надредените, со колегите, итн.

Да заработуваат и да ги организираат финансиите

Обично од родителите добиваат џепарлак и сѝ друго што им е потребно. Така децата не развиваат чувство за одговорност за некоја работа која треба да ја завршат и не умеат да управуваат со финансиите.

Да преземат ризик

Родителите им го трасираат патот и ги пополнуваат сите дупки и празнини и сите препреки. Затоа децата немаат чувство дека успехот не доаѓа лесно, туку е потребно некогаш да се обидат и неколку пати и да се соочат со непредвидливи ситуации.

[better-ads type='banner' banner='999' ]