9 работи кои педијатрите ве молат да престанете да ги правите

Не го консултирајте Гугл, не трчајте во Брза помош, не инсистирајте на антибиотици, не им ги чистете ушите со стапчиња, не кревајте паника поради високата температура,...

0
6941

Американскиот сајт Parenting.com објавил листа од работи кои педијатрите сакаат родителите да престанат да ги прават, затоа што на тој начин им ја отежнуваат работата, односно, чувањето на здравјето на децата и нивното лекување. Еве што им порачуваат педијатрите на родителите:

  1. Престанете да се консултирате со Гугл

Кога ќе се уплашат за здравјето на своето дете, родителите веднаш одат на интернет. Секако дека постојат сериозни и релевантни веб страни, како што се официјалните сајтови на педијатарските здруженија, но невозможно е тукутака на децата да им се постават дијагнози. Педијатрите велат дека родителите кои прво го консултираат интернетот доаѓаат во ординација со предубедување дека нивното дете ја има оваа или онаа болест, и дека им е тешко да ги разубедат.

  1. Престанете за секоја ситница да трчате во брза помош

Освен кога станува збор за итни случаи многу е подобро прво да се јавите на телефон и да замолите за совет. Така ќе се смирите и ќе направите пореална проценка дали навистина треба да одите во брза помош или можете да почекате до следното утро.

3. Престанете да барате антибиотици

Природно е да сакате детето да ви оздрави што побргу, но антибиотиците најчесто не се пат кон излекувањето, туку кон послано здравје. Тие се лек за бактериски инфекции, а децата главно заболуваат од вирусни. За вирусните инфекции пак не ги требаат антибиотици туку мирување и трпение. Во тие случаи антибиотиците можат кај вашето дете да создадат бактериски видови отпорни на лекови.

  1. Не ги одбивајте вакцините и не барајте измена на нивниот распоредИронично е кога истите родители кои без проблем им даваат на децата антибиотици, истовремено се плашат од вакцините. Дури и кога немаат ништо против вакцинирањето, сакаат нивното дете да ги добива вакцините по поинаков распоред. Колку ваквинацијата повеќе се одложува, толку е детето подолго незаштитено.
  2. Престанете да ги оставете децата пред екраните колку што сакаат

Колку се вашите деца подолго пред екраните, тоа помалку си играат надвор, помалку се активни и побавно се развиваат нивните социјални вештини.

6. Престанете да мислите дека настинките имаат врска со ладното време

Вашето дете нема да настине ако излезе без јакна. Настинките се обично вирусни инфекции кои децата ги добиваат затоа што фаќаат заразени површини а потоа ги ставаат рацете во нос, очи и уста. Во зима децата почесто се разболуваат затоа што се повеќе време во затворен и слабо проветрен простор.

7. Не ги прескокнувајте систематските прегледи

Сите родители се преоптоварени со обврски па лесно е да се прескокне посета на лекар кога на детето не му е ништо. Но педијатрите предупредуваат дека со тоа ја губат шансата да го спречат настанувањето и развојот на одредени болести и пореметувања. Наместо само да го лекуваат детето тогаш кога е веќе болно, педијатрите треба на време да забележат ако детето има проблеми со видот, со крвниот притисок, забане раст, крив рбет, срцев шум…

8. Не им ги чистете ушите со стапчиња

Со ова само го набивате ушниот восок подлабоко во ушниот канал, заради што со време детето почнува послабо да слуша и чувствува болка. Наместо тоа дозволете водата да им влезе во уши за време на бањањето па восокот самиот ќе излезе.

9. Престанете да кревате паника заради високата температура

Освен ако не станува збор за новороденче, кога треба да се биде внимателен, високата температура е само еден од симптомите кои треба да му се пријават на педијатарот. Високата температура речиси никогаш не е нешто што ќе го загрижи педијатарот, туку е само дел од клиничката слика, како што се и затнатиот нос, кашлицата, болката.

[better-ads type='banner' banner='999' ]