Многу мајки дури со второто дете сфаќаат колку претерувале кога имале само едно дете и дека би било подобро ако го сфателе тоа уште тогаш.
Обично родителите се премногу внимателни со првото дете, што не е секогаш добро. Затоа, еве ги најчестите работи кои ги прават со првото дете, а со второто сфаќаат дека биле целосно непотребни.
Го тераат детето да јаде повеќе отколку што му е потребно
На малите деца не им треба премногу храна за да ги задоволат потребите на својот организам, но родителите тоа често и не го гледаат. Брзо ќе сфатите дека молењето или терањето на детето да јаде или целосната капитулација и дозволување на детето да живее само на благо, се погрешна тактика. Кога ќе огладне, ќе јаде.
Непотребно будење на детето
Го будите детето зашто е време за јадење? Или зашто се пашите дека нема да спие ноќе? Или зашто дошле гости кои сакаат да го видат? Ниту една причина не е доволна за да го разудите бебето што мирно си спие. Кој сака да го види, може да го види и додека спие.
Миете се што ќе ви падне на подот
Постои една шеговита изрека дека кога првото дете ќе изеде нешто од подот, родителот го води на ургентно, кога второто дете ќе изеде нешто, само му ја мие устата, а за третото се прашува даи воопшто му е потребен ручек. Тоа отприлика така и функционира. Разбирливо е дека нема да му дозволите на детето да има пристап до валкани работи, но дома нема да му биде ништо.
Детска храна
Органскиот зеленчук од домашните кашички, ќе го земани она кое е добро и за вас или едноставно, со време, со вилушка е му иситните од храната која и вие ја јадете.
Менување пелени
На првото дете ќе му ја менувате пелената во истиот момент кога ќе забележите дека се измочкал, додека со второто дете тоа е ора да почека се додека не ги решите сите други неодложни обврски.
Купување скапа облека за бебето
Брзо ќе сфатите дека ова нема смисла. Освен тоа што брзо ќе ги прерасне, тоа постојано ќе плука, ќе повраќа и ќе прави постојано нови дамки, а исто така, и ќе ги уништи ползејќи по подот.
Премногу грижа
Додека на првото дете нема да му дозволувате речиси ништо, многу брзо ќе сфатите дека животот под стаклено ѕвоно не е добар за вашето дете.