Неколку видови мајки што нѐ нервираат на социјалните мрежи

Се препознавате ли и себеси во некој од нив? Ама искрено...

0
1712

Социјалните мрежи можат да бидат извонредни – нѝ даваат многу информации, разменуваме искуства, дознаваме нови работи, понекогаш добро ќе се насмееме или дури и ќе најдеме нов пријател. Но многумина сметаат дека се социјалните мрежи извонредно место за да се исфрустрираат затоа што на нив се соочуваат со различни профили на родители и со мислења кои не им одговараат во целост. Но некои признаваат дека и самите се наоѓаат себеси во следните описи – видови на родители кои најмногу нѐ нервираат на социјалните мрежи.

Тигрица

Мајката тигрица е позната по тоа што ги форсира своите деца на некоја одредена активност и со сила сака да се реализираат  преку неа. Други пак ја гледаат ваквата мајка како некоја коија преку децата се обидува да ги живее своите пропаднати сништа.

Опседната доилка

Зошто би била нечија грижа тоа како и со што некој го храни своето дете? Мајките кои сметаат дека доењетои и само доењето е единствен императив, би требало барем понекогаш да го задржат своето мислење за вештачката храна за себе, затоа што има мајки кои не се во состојба да ги дојат своите деца.

Поборничка на здравата исхрана

Секако дека детската храна треба да е свежа, здрава, разновидна …Но оние мајки кои се згрозуваат над еден испиен сок од тертрапак или над едно изедено чоколадо или лижавче, се навистина напорни.

Онаа која секогаш осудува

Оваа мајка е секогаш наострена за расправии и нејзиното мислење е нужно понакво од било чие и секако, единствено исправно. Сака аргументи, сака да се надмудрува и очигледно нема друга работа …

Селфи-фрик

Става свои и слики од своето дете од утро до вечер. Во сите можни пози и ситуации за кои се надева дека ќе ги фасцинираат другите.

Хипохондар

Секоја кашлица или температура неа ѝ се причина за паничен испад и хистерија на социјалните мрежи. И поккрај стравот не оди на лекар туку бара совети токму на социјалните мрежи.

Навидум совршени родители

Како им успева?! Совршена куќа, совршени деца, оброци, заедничкото време за семејството кое изгледа навистина совршено. Имаат ли некој двојник која им го завршува поголемиот дел од работата? Заради ваквите родители и нивните објави само се чувствуваме како тотално промашување и се прашуваме како е можно тие да можат сѐ, а ние не?

Спретна креативка

Иако сите сакаме да бидеме креативни и со своето дете од колаж хартија, тоалетни ролни и кутии за јајца да изградиме Ајфелова кула, на многу од нас тоа не им поаѓа од рака, ниту пак имаме волја и афинитети кон такви работи. Таа знае од три салфетки да направи чудо!

Скромна фалбаџика

Оваа мнајка наводно не сака да с ефали, но секој нејзин статус ни кажува по нешто. Морав да одам да го проверам своето шестмесечно синче пет пати – спиепе попладнево 4 часа без престан. Или: Загрижена сум за својата четиригодишна ќерка. Би сакала да си игра како останатите деца, да гази во кал и да трчка низ паркот, а неа само ја интересира како да научи да чирта, да пишува, да брои…веќе ја знае целата азбука…

Успешна блогерка

Како со мали деца успеваш да пишуваш опширни блогови речиси секој ден? Ние немаме време за ништо! Како имаш време да седнеш да пишуваш а барем едно дете да не ти стои над глва додека другото се обидува да ја „запали“ куќата?!

Мајка на талентирано дете

Нивните деца се подобри од останатите – така потврдиле стручњаците. Понекогфаш имаат проблем со однесувањето, не можст да го задрѓат вниманието, но тоа е само затоа што им е здодевно! Никако не се невоспитани или безобразни туку талентирани! Здодевно им е затоа што се попаменти од другите па не ги интересираат работите што ги интересираат другите деца. Секоја мајка сака нејзиното дете да е најпаметно, а мајките на талентираните деца едноставно уживаат да нагласат дека нивното дете и навистина е!

Мајки што обожаваат да бидат олицетворение на мајчинството

Секој момент од мајчонството ним им е совршен! Непроспиени ноќи, изливи на бес, периодот кога го учат детето да се ослободи од пелените…уживаат во се. И се би повториле одново, со насмевка. Се прашувате од каде им е силата и зошто ги веселат нешта кои никој нормален не би го веселеле?

Мајка на „сештојадец“

Повеќето родители водат битка со децата кога станува збор за исхраната. Некои не сакаат зеленчук и овошје, други избегнуваат месо, трети имаат проблем со трето. Но секогаш меѓу нив се наоѓа и некоја среќна мајка на дете кое јаде се и која сака на сите да им го каже тоа.

Уривачка на бајки и митови

Оваа мајка ја знаете. Таа е реална и со двете нозе на земја. Толку е на цврсто тло, што уште на година ипол им објаснила на децата дека Дедо Мраз не постои. Тој и уште некои други детски измислици за неа се непотребни глупости. Таа истакнува дека не сака да ги лаже своите деца. Очигледно, ниту сака да им дозволи да уживаат во вакви нешта кои го прават детството волшебно.

Повеќе пари отколку памет

Ќе потроши премногу пари на детските работи кои во најдобар случај ќе ги употреби три пати. Нема врска, најважно и е и онака другите да видат дека има пари и дека сака да троши на своите деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]